25.05.2011г. Отворање на 33-от состанок на Европската платформа на регулаторни тела во организација на СРД..

image_pdfimage_print
ОХРИД, 25 мај 2011 –  Советот за радиодифузија е домаќин на 33-от состанок на Европската платформа на регулаторни тела, кој ќе се одржува од 25 до 27 мај во Охрид, во хотелот Инекс Горица. Над 150 претставници од регулаторните тела за медиуми од сите земји од Европа, од задкавкаскиот регион и Израел ќе разговараат на актуелни прашања од областа на регулацијата на електронските медиуми, како што е користењето на дигиталната дивиденда, соодветната имплементација на европската Директива за аудио-визуелни медиумски сервиси и зголемување на ефективноста на медиумската регулација.

На настанот се очекува да учествуваат високи претставници од ОБСЕ/Канцеларијата на претставникот за слободата на медиумите од Виена и од Европската комисија.
Сите медиуми се поканети да го покријат отворањето на конференцијата, утре, 26 мај,  во  хотелот Инекс Горица во Охрид, со почеток во 09:00 часот. Постои можност за посебни интервјуа со сите учесници на ЕПРА.
Лице за односи со јавност: Борче Маневски – 070/327993.


Accessibility

Accessibility