08.06.2011г. Прекршочни против ТВ А1 и ТВ Сител поради нарушување на правилата за покривање на предизборните активности…

СКОПЈЕ, 8 јуни, 2011 – На денешната седница Советот за радиодифузија (СРД) изрече мерки за дополнително анализираниот емитуван материјал од страна на радиодифузерите од предизборната кампања и предизборниот молк.

СРД ќе поведе прекршочни постапки против:

– ТВ Сител, поради емитување информации во врска со организатор на изборна кампања со што го прекршил предизборниот молк;
– ТВ А1, поради емитување платено политичко рекламирање во посебни информативни програми;

Поради други помали пропусти СРД одлучи да упати укажување до: ТВ АБ Канал, Радио Фокус од Тетово и Радио Б-97 од Битола.



Accessibility

Accessibility