Посета на Делегацијата на Ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските избори во Република Македонија…

image_pdfimage_print

 

СКОПЈЕ, 13.03.2014 – Во посета на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги беше Делегацијата на Ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските избори во Република Македонија.

На состанокот присуствуваа: г-дин Штефан Шенах, шеф на Делегацијата, г-дин Роберт Валтер, известител на Мониторинг комисијата за Република Македонија, г-дин Маргус Хансон, г-дин Василиј Ликачев, г-дин Шабан Дисили, г-дин Богдан Торкатору, г-дин Франк Дешлер, заменикот на претседателот на Агенцијата д-р Милаим Фетаи, раководителот на Стручната служба, м-р Андриана Скерлев-Чакар, и раководителот на Секторот за програмски работи, м-р Емилија Јаневска.

Заменикот на претседателот на Агенцијата, д-р Милаим Фетаи ги информираше членовите на Делегацијата за надлежностите на Агенцијата, особено за обврските што произлегуваат од Изборниот законик. Ги претстави концептот за мониторинг на медиумското покривање на изборните процеси во 2014 година и клучните аспекти од методологијата за мониторинг. Ги извести и за усвоената Процедура за постапување при констатирање прекршувања кај радиодифузерите, како и за мерките изречени во периодот пред започнување на изборната кампања.



Accessibility

Accessibility