Потпишан Меморандум за соработка со Високиот совет за радио и телевизија на Република Турција…

 

Скопје, 15.05.2014г. Во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во рамки на денешниот состанок со Високиот Совет за радио и телевизија на Република Турција, потпишан е Протокол за соработка. Со овој Протокол ќе се унапреди и ќе се подигне на едно повисоко ниво децениската соработка меѓу овие две регулаторни тела.

 Регулаторите ќе разменуваат информации и знаење и практични искуства за мониторингот на радио и телевизиските програми, примената на законските прописи, особено во делот на заштита на малолетниците, развојот на нелинеарните сервиси, ќе организираат студиски престои за своите вработени итн.

Претставници од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги присуствуваа и на годишната работилница во организација на Високиот совет за радио и телевизија со наслов „Комуникација со иднината“.

 

Целта на работилницата е зајакнување на пријателството меѓу меѓународните студенти на факултетите за комуникологија во Турција, како и отворање нови перспективи за фундаменталните прашања за комуникацијата и медиумите.На работилницата обраќање имаше и д-р Зоран Трајчевски, претседател на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, којшто зборуваше за мисијата и улогата на Агенцијата, развојот на технологијата во аудиовизуелната област, значењето на слободата на изразување, моќта и влијанието на медиумите и одговорноста на медиумската професија.



Accessibility

Accessibility