СКОПЈЕ, 22.10.2014 – Одржана работилница на тема „Тенката линија меѓу слободата на изразување и говорот на омраза“…

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 22.10.2014 – На 22 октомври, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во рамките на проектот „Унапредување на слободата на изразување и информирање и на слободата на медиумите во Југоисточна Европа“, во соработка со Советот на Европа, беше домаќин на работилница на тема „Тенката линија меѓу слободата на изразување и говорот на омраза“

На работилницата земаа учество претставници од Европскиот суд за човекови права, регулаторните тела за медиуми од Италија, Босна и Херцеговина и Македонија кои заеднички дискутираа за европските стандарди за говорот на омраза, клевета и навредлив говор, практиката на другите регулаторни тела при мониторирање на „говорот на омраза“ и нејзино препознавање, за европската и македонската регулаторна рамка во врска со „говорот на омраза“, за правото на слобода на изразување.

Целта на работилницата беше да се подигне свеста кај сите чинители за потребата од изнаоѓање баланс меѓу уставно загарантираната слобода на изразување и нејзиното наличје – „говорот на омраза“.

 

Презентациите од работилницата ќе можете да ги преземете од следниве линкови:

 

Дујгу Коксал (Duygu Koksal), адвокат, Европски суд за човекови права

Правен преглед: Европските стандарди за говорот на омраза, клеветата и навредливиот говор

Азра Масло (Azra Maslo), Оддел за програмски стандарди и жалби, Регулаторна агенција за комуникации, Босна и Херцеговина

Програми што содржат говор на омраза. Искуствата и практиките на регулаторното тело: пример од Босна и Херцеговина

Емилија Јаневска, раководител, Сектор за програмски работи, Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија

Праксата на АААМУ. Регулативата во Македонија

Франческа Пеликано (Francesca Pellicanò), функционер во Италијанската управа за комуникации (AGCOM)

Програми што содржат говор на омраза. Искуствата и практиките на регулаторното тело: пример од Италија



Accessibility

Accessibility