12.03.2010г. СРД го започнува процесот на регионализација…

СКОПЈЕ, 12 март 2010 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ги разгледа документите со конкурсните услови за претстојниот процес на регионализација на локалната радиодифузија.

Овој процес ќе опфати осум од вкупно деветте радиодифузни региони во Македонија, дизајнирани според деветте алотмент-зони, предвидени за дигитална регионална телевизија. Реонот на градот Скопје нема да биде вклучен во процесот на регионализација, зашто во овој регион нема локални електронски медиуми.

 

(Фото: Приказ на мапата на алотмент – зони или географски радиодифузни подрачја во Македонија)

 

Регионализацијата како обврска е предвидена во Стратегијата за радиодифузната дејност 2007 – 2012. Локални радиодифузери од регионите ќе можат да конкурираат за добивање дозвола за емитување на регионално ниво. Ова е особено полезно за оние региони каде што географскиот терен дозволува ширење на сигналите на локалните телевизии надвор од локалните подрачја, а ќе понуди и можност на вкрупнување на помалите радиодифузери во поголеми и поконкурентни субјекти, кои ќе можат да понудат и поквалитетни аудио-визуелни содржини. На овој начин ќе се подигне севкупниот квалитет на локалната и регионалната радиодифузија.

 

СРД на јавен увид ги стави документите од конкурсната документација достапни на следните линкови:

 

Предлог-одлука на СРД за распишување конкурс за регионални телевизии (.pdf)

Општи, технички, продукциски, програмски и други услови (.pdf)

Пријава за регионална телевизија (.doc)

Географска мапа на региони (.jpeg)

Региони со општини и број на жители (.xml)



Accessibility

Accessibility