10.05.2011г. СРД им изрече мерки на радиодифузерите што ги прекршија правилата за медиумското покривање на предизборните активности…

СКОПЈЕ, 10.05.2011 – Советот за радиодифузија (СРД) на последната седница – врз основа на извршените анализи од редовниот мониторинг – им изрече мерки на радиодифузерите, коишто ги прекршија правилата за медиумското покривање на предизборните активности.

Прекршочни постапки се покренати против радиодифузерите:

–   ТВ АЛБ, поради емитување платено политичко рекламирање (прекршување на член 75, став 2 од Изборниот законик);
–   ТВ Канал5, поради тоа што при објавување резултати од испитување на јавното мислење не обезбедиле доволно информации врз основа на кои јавноста ќе може да ја процени веродостојноста на испитувањето (прекршување на член 77 од Изборниот законик).
Укажувања се испратени до:
–   ТВ А1, поради емитувани реклами, финансирани од буџетите на општините (прекршување на член 84-а од Изборниот законик);
–   Радио Метрополис, поради емитување на реклами на државни органи, финансирани од буџетот на РМ (прекршување на член 84-а од Изборниот законик);
–  МТВ1, поради емитувани реклами на државни и органи на градот Скопје, финансирани од буџетот на РМ и буџетот на градот (прекршување на член 84-а од Изборниот законик);
–   ТВ Сител, поради емитување реклами на државни органи, финансирани од буџетот на РМ (прекршување на членот 84-а од Изборниот законик).

СРД уште еднаш ги повикува сите радиодифузери да ги почитуваат законските и подзаконските акти во однос на медиумското покривање на изборите.



Accessibility

Accessibility