Скопје, 13.07.2014г. Радиодифузерите на 14 јули да ја прилагодат програмата со чинот на жалост…

image_pdfimage_print

По повод трагичната несреќа на четворицата пилоти од Министерството за внатрешни работи, Владата на Република Македонија, понеделник, 14 јули 2014 година го прогласи за ден на жалост.

Агенцијата ги повикува радиодифузерите програмата на овој ден да ја прилагодат на чинот на жалост. Ова значи забавните шоу програми, хумористичните емисии или играната програма од жанрот комедија, планирани да се емитуваат овој ден да се прераспоредат за друг ден од седмицата. Ова важи и за рекламирањето, додека за другите форми на комерцијални комуникации (телешопингот, спонзорството и пласирањето производи) нема ограничувања.

Радио програмските сервиси треба да емитуваат музика од жанрови соодветни за ваков ден, а на денот на жалост се ослободени од својата законска обврска дневно да обезбедат најмалку 40% (комерцијалните и непрофитните радија) и најмалку 50% (радио сервисите на МРТ) од емитуваната музика да биде инструментална музика од македонски автори и автори на етничките заедници кои не се мнозинство во Република Македонија и/или вокална и/или вокално-инструментална музика на македонски јазик или на јазиците на немнозинските заедници.

Со оглед на тоа дека обврската за емитување музика на телевизиските програмски сервиси е неделна, тие треба да ја остварат во преостанатите 6 дена од седмицата. Ако на 14 јули емитуваат музика, таа, исто така, треба да биде од музички жанрови соодветни за ден на жалост.



Accessibility

Accessibility