СКОПЈЕ, 19.08.2014г – Потпишан Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Агенцијата за филм…

Денеска, Агенцијата за филм на Република Македонија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потпишаа Меморандум за соработка чија цел е да ја зајакне соработката помеѓу двете институции и да овозможи преземање конкретни активности од заеднички интерес.

При потпишувањето на Меморандумот, се одржа прес-конференција на која в.д. Директорот на Агенцијата за филм Дарко Башески и в.д. Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги д-р Зоран Трајчевски подетално информираа за полињата на соработка и заедничките активности во периодот што следи.

 

Дел од активностите на кои ќе се соработува се однесуваат на: поддршка за телевизиско емитување на македонските филмски проекти, популаризирање на мерката за поттикнување на вложувањето средства во филмски односно телевизиски проекти,заштита на малолетната публика  при кинотечно и телевизиско прикажување филмови, почитување и заштита на авторските права и сродните права, поттикнување на развојот на медиумската и филмската писменост во Република Македонија и сл.



Accessibility

Accessibility