Скопје, 01.09.2014г. – Усвоен Деловникот за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги…

image_pdfimage_print

Советот на Агенцијата, на 7-та седница одржана на 27.08.2014 година и продолжението одржано на 29.08.2014 година, го усвои Деловникот за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

За да им овозможи на сите заинтересирани страни да ги изразат своите мислења, гледишта и ставови во однос на Нацрт – Деловникот, Агенцијата отвори јавна расправа со времетраење од 30 дена. Пред да го донесе Деловникот, Агенцијата јавно ги објави на својата веб страница добиените предлози и коментари за измени и дополнувања на Нацрт – Деловникот и својот став по истите.

Деловникот за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги можете да го преземете тука.



Accessibility

Accessibility