Скопје, 28.10.2014г. – На 15-та седница одржана на 28.10.2014г. Советот на Агенцијата ги усвои следниве Нацрт – Правилници и Нацрт – Упатство:
Нацрт – Правилник за начинот на вршење на видео надзор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
Нацрт-Правилник за нивелација на тонот на аудиовизуелна содржина
Нацрт-Правилник за условите, начинот и постапката за чување и бришење снимки на радио и телевизиски програмски сервиси
Нацрт-Правилник за условите, начинот и постапката за издавање копија од снимка на објавена информација во рамките на програмскиот сервис на радиодифузерите на државно, регионално и локално ниво во Република Македонија
Нацрт-Правилник за безбедност и здравје при работа
Нацрт-Упатство за начинот на мерење на гледаноста на програмите, односно програмските сервиси на радиодифузерите што емитуваат телевизиска програма од Република Македонија
Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни во рок од 30 (триесет) дена, односно најдоцна до 27 ноември 2014 година, да достават забелешки по наведените документи, на следната е-адреса: contact@avmu.mk или на поштенската адреса на Агенцијата: бул. „ВМРО“ бр. 3, 1000 Скопје.