01.12.2011г. СРД на 19та седница меѓу остататото расправаше и за предлог-амандманите за измена на Законот за радиодифузната дејност и за Анализата на пазарот на електронските медиуми

image_pdfimage_print
СКОПЈЕ, 01.12.2011– СРД денеска ја потврди промената на сопственичката структура на ТВ КРТ, констатирајќи дека со оваа промена не настанува недозволена медиумска концентрација. По претходно укажување од СРД отстранета беше и медиумската концентрација, забележана кај Трговското радиодифузно друштво Зоран Стефановски Независна ТВ Охрид.

Анализата на пазарот на радиодифузната дејност за 2010 година беше усвоена со предлог за нејзина промоција прес конференција или јавен настан, кој би се одржал кон средината на декември.
Разгледани и усвоени беа и  Извештајот за напредокот и статусот  на активностите предвидени во НПАА 2011, Анализата на надзорот врз обврските на јавните комуникациски мрежи и другите активности на Секторот за спречување на пиратерија и заштита на авторските и сродните права во третиот квартал на 2011 година, Информацијата по претставката на коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници за прилозите со наркозависници, Стратешкиот план за извршување на внатрешна ревизија за 2012-2014, како и Планот за извршување на внатрешна ревизија за 2012 година.
Членовите на СРД исто така го усвоија и предлогот за измена и дополнување на Законот за радиодифузната дејност во насока на обезбедување поефективни мерки на СРД за борба против пиратеријата кај радиодифузерите и кај операторите на јавните комуникациски мрежи.
СРД го разгледа и усвои и извештајот за доставените одговори и документација по барањето на СРД кое што беше упатено до радиодифузерите на локално и регионално ниво, за достава на одговори и документација за уредени авторски и сродни права за емитувана филмска програма во вториот квартал на 2011 година и притоа усвои предлози за понатамошни активности.
Во врска со за барањето на Радио Пехчево, СРД ја потврди својата одлука за изречената мерка за сторен прекршок за време на последните парлоаментарни избори, односно ја одби молбата на овој радиодифузер.
СРД го измени Деловникот за работа, во насока на зголемување на транспарентноста и квалитетот на неговото работење. Членовите на Советот  назначија координатори на секторите во Стручната служба.
Советот одлучи да испрати укажување до ТВ Алфа по претставка на гледач од Скопје, во насока на заштита на малолетната публика.
19та седницата ќе продолжи утре, петок (02.12.2011) во 11 часот со преостанатите две точки од дневниот ред:
-Информација за спроведен мониторинг на програмата на ТВ Сител во периодот од 13 до 18 ноември, 2011 година во врска со барањето на Топлификација АД-Скопје бр. 03-4137/2.
-Информација од анализата на емисијата „Миленко Неделковски шоу“, емитувана на ТВ Канал 5 на 18 ноември 2011 година.


Accessibility

Accessibility