Скопје, 17.09.2014 г. Агенцијата го одржа својот трет јавен состанок…

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, согласно обврските утврдени со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, го одржа својот Трет јавен состанок. Неговата цел беше да им се овозможи на сите заинтересирани страни да се запознаат со активностите на Совет на Агенцијата и да ги изразат своите ставови и мислења во однос на развојот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во Република Македонија.

Состанокот го отвори и го водеше раководителот на Стручната служба д-р Андриана Скерлев – Чакар. Претседателот на Советот на Агенцијата, г-н Лазо Петрушевски, со својата презентација ги запозна присутните со активностите на Советот, кои што беа реализирани во периодот од изборот на членовите на Советот на Агенцијата до 01.09.2014година. Резултатите од, Анализата на пазарот на радиодифузна дејност за 2013 година “ги презентираше в.д. Директорот на Агенцијата, д-р Зоран Трајчевски, додека резултатите од „Анализата на структурата на вработените во радиодифузната индустрија за 2013 година“ беа претставени од раководителот на Секторот за истражување и долгорочен развој, м-р Магдалена Давидовска-Довлева. Потоа, в.д. Директорот на Агенцијата за филм, д-р Дарко Башески, се осврна на условите за емитување на македонските филмски проекти.

 

Искажаните ставови и мислења од третиот јавен состанок, како и ставот на Агенцијата во однос на истите ќе бидат објавени на веб страницата на Агенцијата во рок од седум дена од денот на одржувањето на јавниот состанок.

 

Презентации од состанокот:

 

„Запознавање со активностите на Советот на Агенцијата“ може да го преземете тука.

„Анализа на пазарот на радиодифузнa дејност за 2013 година“ може да ја преземете тука.

„Анализа на структурата на вработените во радиодифузната индустрија за 2013 година“може да ја преземете тука.

Ставот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за третиот јавен состанок може да го преземете тука



Accessibility

Accessibility