1

26.05.2010 Milaim Fetai is the new vice-president of the Broadcasting Council

SKOPJE 26.05.2010 – The Broadcasting Council confirmed the expiration of the mandate of the Vice-President Faruk Omeragic and during today’s session elected Milaim Fetai new Vice-President.

Thanking to all the members of the Council who supported him by consensus, Milaim Fetai said: „Taking in consideration that the Broadcasting Council as an independent body plays a significant role in development of the democracy and in the building of a new modern democratic Macedonia, I understand my election as a huge obligation in further building  and continuation of the previous efforts, especially from the aspect of the contribution that the Broadcasting Council is giving, providing standards in the broadcasting sector, which will contribute for faster achieving of full membership in the Euro-Atlantic structures.  Effective and independent regulation of the media landscape is significantly important for further democratization of our society. It’s my pleasure to be part of the Broadcasting Council and during the next six years I will invest all my knowledge and experiences in a way to promote the media regulation as a tool for creation an environment, which will fully guarantee the freedom of speech and media according to the European standards.“

The members of the Council also confirmed the expiration of the mandate of the Member of the Council, Panche Naumov. The President of the Broadcasting Council, Zoran Stefanoski expressed his gratitude to Omeragic and Naumov for their huge contribution given in the course of the past four years for development of the broadcasting sector in Macedonia and for promoting of the Council as an independent regulation authority.



18.05.2010г. СРД ги повикува радиодифузерите да ги почитуваат програмските стандарди за да се спречи појава на говор на омраза

СКОПЈЕ, 18.05.2010 – Советот за радиодифузија (СРД) е загрижен од најновите случувања кај електронските медиуми, коишто вклучуваат и елементи што ги нарушуваат програмските стандарди и би можеле да доведат и до појава на говор на омраза.

Земaјќи ги предвид стандардите на Советот на Европа за говорот на омраза, анализите на СРД констатираа дека во Македонија не постои класичен говор на омраза, туку постојат елементи кои ги нарушуваат програмските стандарди и на моменти придонесуваат за нарушување на професионалното новинарско работење кај одредени радиодифузери. Во таа насока СРД, како давател на дозволата за вршење радиодифузна дејност, ги потсетува електронските медиуми, нивните сопственици, управители, главни уредници и новинари доследно да се придржуваат до професионалните програмски и новинарски стандарди, согласно Законот за радиодифузната дејност и обврските од дозволата. Истовремено, ги повикува да се воздржат и оградат од какви било облици кои предизвикуваат атмосфера на линч и повици на исклучивост и креирање и објава на листи на неистомислениците.

СРД и понатму будно ќе је следи состојбата во радиодифузијата и согласно неговите законски надлежности одлучно ќе дејствува во насока на почитување на програмските стандарди и спречување на секаков вид прекршувања на Законот за радиодифузната дејност. СРД истовремено ги повикува и сите други надлежни институции и организации да застанат цврсто во одбрана на професионалните медиумски стандарди, на основното демократско начело – слобода на говорот и печатот и правото на поинакво мислење.




13.05.2010г. СРД побара брзо решавање на спорот меѓу BoomTV и четирите национални телевизии…

СКОПЈЕ,  13.05.2010 – Во однос на последните случувања со барањето на ТВ Телма, ТВ Сител, ТВ Канал5 и ТВ Алсат – М да бидат исклучени од пакетот BOOM TV на операторот Digiplus Multimedia, Советот за радиодифузија (СРД) ги повикува сите инволвирани страни што побргу да изнајдат заедничко решение за уредување на авторските и сродните права во интерес на публиката.

„СРД побара од Digiplus Multimedia најдоцна до 25 мај 2010 година да достави договори за регулирање на правата за реемитување на програмските сервиси на овие телевизии. Доколку по рокот не бидат доставени вакви договори, СРД ќе ги преземе законски мерки за спречување и санкционирање на таквото реемитување.“ – рече заменик-претседателот на СРД, Фарук Омерагиќ.

Членот 109 од Законот за радиодифузната дејност дозволува пренесување програмски сервиси преку јавни комуникациски мрежи врз основа на претходен договор за уредени авторски и сродни права. СРД има законска можност да наложи исклучување на одреден програмски сервис, доколку операторот не ги исполнува овие услови.




04.05.2010г. Раскинати договорите на 35 кабелски оператори за пренос на „Пинк“…

СКОПЈЕ, 04.05.2010 – Медиа систем (Media System GmbH) од Виена, како застапник на преносот на правата за реемитување на телевизиските програмски сервиси на РТВ Пинк, познати под имињата Пинк Плус, Пинк Музика и Пинк Фолк за подрачјето на Република Македонија,

на 30 април оваа година, го извести Советот за радиодифузија (СРД) дека поради неисполнување на договорните обврски, ги раскинал договорите за реемитување со 35 кабелски оператори од Република Македонија.

Во известувањето се поединечно наведени сите кабелски оператори на кои се однесува раскинувањето на договорите, а кон него се приложени отказните писма упатени до секој од нив. Според застапникот на Медиа систем од Виена, секое натамошно реемитување на овие програми од страна на наведените оператори, ќе се смета за акт на пиратерија и кршење на Законот за авторското право и сродните права и Законот за радиодифузната дејност на Република Македонија.

Затоа СРД ги предупреди кабелските оператори на кои им се раскинати договорите со РТВ Пинк веднаш да престанат со рееемитување на неговите телевизиски програмски сервиси Пинк Плус, Пинк Музика и Пинк Фолк.  СРД во текот на следните денови, ќе спроведе засилен мониторинг и онаму каде што ќе констатира непочитување на член 109 од Законот за радиодифузната дејност, ќе издаде налози за исклучување на овие телевизиски програмски сервиси на РТВ Пинк, а во случај на нивно непочитување, ќе покрене прекршочни постапки.




3 May 2012 Freedom of the media – a top priority of BC

SKOPJE, 3 May 2012 The Broadcasting Council (BC) congratulates the International Day of Media Freedom -celebrated today, to all the media, which aims to promote and raise the awareness of the importance of the freedom and independence of the media.

The Broadcasting Council, through the determination to solve major issues, related to the ownership structure by preventing the occurrences of illegal media concentration, by creating fair conditions on the media market, as well as due enforcement of the Law on Broadcasting, will continue to contribute to promotion of freedom of expression in the Republic of Macedonia.

Our goal is to create a sustainable and competitive media market, which will offer to the citizens quality and diverse media content. Only those media, which are financially self-sustainable, have the potential to resist political and economic pressures and thus to contribute to the promotion of democracy in society.

Protection of media pluralism, promotion of freedom of expression through the introduction of new media technologies and the creation of sustainable media market remain key strategic priorities of the Council.




28.04.2010г. СРД организираше работилница за регионализацијата на радиодифузијата…

СКОПЈЕ, 28.04.2010 – Процесот на регионализација на радиодифузијата беше во фокусот на денешната работилница, што ја организираше Советот за радиодифузија, а на која учествуваа околу шеесетина претставници од локални и национални телевизии од цела Македонија, како и претставници од невладиниот сектор.

Претседателот на СРД, Зоран Стефаноски, одржа презентација за планот за воведување на регионализација на радиодифузијата и придобивките за електронските медиуми во однос на окрупнувањето на медиумскиот пазар. Потоа следуваше дискусија на која сите учесници имаа можност да ги дадат нивните предлози и сугестии.

Регионализацијата на радиодифузијата е предвидена во Националната стратегија за развој на радиодифузната дејност, во чиешто изготвување беа вклучени претставници на радиодифузерите, претставници од граѓанскиот сектор, странски и домашни експерти.

 

Презентацијата на СРД за регионализацијата можете да ја преземете овде во .pdf-формат.




26.04.2010г. СРД ги отфрла обвинувањата за непрофесионално работење…

СКОПЈЕ, 26.04. 2010 – Советот за радиодифузија (СРД) ги отфрла сите неосновани напади, коишто доаѓаат од политички и бизнис субјекти во однос на неговото работење, изнесени во одредени медиуми и на партиски конференции за печат.

Државата и политичките партии во едно демократско опкружување мораат да ја гарантираат независноста на регулаторните тела и секое мешање во нивната работа може негативно да се одрази во општеството и врз слободата на медиумите. Меѓународните норми јасно посочуват дека важни предуслови за развој на демократијата се независната регулација и гарантирањето на слободата на медиумите.

И покрај обидите за политичко мешање, идентификувани во последниот извештај на ЕУ за напредокот на земјата, СРД во досегашното функционирање покажа дека е имун на секаков вид притисоци. Затоа, Советот ги повикува политичките партии и претставниците од медиумскиот бизнис да работат согласно законските и демократските принципи и да не се обидуваат да ја нарушат неговата независност која е негов врвен приоритет како регулаторно тело.




07.04.2010г. Успешна трансформација на јавното Радио Охрид во комерцијален медиум…

СКОПЈЕ, 7 април 2010 – Поранешното јавно локално Радио Охрид успешно се трансформираше во комерцијален радиодифузер со што ги исполни законските услови за Советот за радиодифузија (СРД) да му додели дозвола за комерцијално вршење радиодифузна дејност на локално ниво.

Обврската за трансформација и приватизација на поранешните 29 јавни локални радија потекнува од Законот за радиодифузната дејност од 2005 година (член 173), а задачата за јавно информирање целосно стана обврска на јавниот радиодифузен сервис – МРТ. СРД го надгледуваше и технички и финансиски им помагаше на локалните јавни радија побргу и полесно да го изведат процесот на трансформација во комерцијални или непрофитни радио-станици.




26.03.2010г. СРД го усвои извештајот за работа за 2009 година…

СКОПЈЕ, 26 март 2010 – Советот за радиодифузија на денешната седница го усвои извештајот за работа за 2009 година. Акцентот е ставен врз неколкуте предизвици што ги имаше СРД во текот на минатата година, како што беа локалните и претседателските избори и обезбедувањето непречен развој на нови аудио-визуелни медиумски сервиси во услови на правни празнини. Општ заклочок е дека СРД,

како независно регулаторно тело во Р. Македонија, успеа да го подогне степенот на почитување на Законот за радиодифузната дејност и подзаконските акти преку интензивни мониторинзи на радиодифузерите и операторите на јавните комуникациски мрежи, а вршеше и континуирани обуки на вработените во електронските медиуми.

 

Еден од најзначајните моменти беше и примањето на СРД во членство на Медитеранската платформа на регулаторни тела под уставното име на земјата.

 

Целиот извештај за работа на СРД како и финансискиот план за оваа година се достапни на следните линкови:

 

Извештај за работата на СРД за 2009 (.pdf)

Финансиски план на СРД за 2010 (.pdf)




12.03.2010г. СРД го започнува процесот на регионализација…

СКОПЈЕ, 12 март 2010 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ги разгледа документите со конкурсните услови за претстојниот процес на регионализација на локалната радиодифузија.

Овој процес ќе опфати осум од вкупно деветте радиодифузни региони во Македонија, дизајнирани според деветте алотмент-зони, предвидени за дигитална регионална телевизија. Реонот на градот Скопје нема да биде вклучен во процесот на регионализација, зашто во овој регион нема локални електронски медиуми.

 

(Фото: Приказ на мапата на алотмент – зони или географски радиодифузни подрачја во Македонија)

 

Регионализацијата како обврска е предвидена во Стратегијата за радиодифузната дејност 2007 – 2012. Локални радиодифузери од регионите ќе можат да конкурираат за добивање дозвола за емитување на регионално ниво. Ова е особено полезно за оние региони каде што географскиот терен дозволува ширење на сигналите на локалните телевизии надвор од локалните подрачја, а ќе понуди и можност на вкрупнување на помалите радиодифузери во поголеми и поконкурентни субјекти, кои ќе можат да понудат и поквалитетни аудио-визуелни содржини. На овој начин ќе се подигне севкупниот квалитет на локалната и регионалната радиодифузија.

 

СРД на јавен увид ги стави документите од конкурсната документација достапни на следните линкови:

 

Предлог-одлука на СРД за распишување конкурс за регионални телевизии (.pdf)

Општи, технички, продукциски, програмски и други услови (.pdf)

Пријава за регионална телевизија (.doc)

Географска мапа на региони (.jpeg)

Региони со општини и број на жители (.xml)