Расправи во тек

Отворена на јавна расправа за Нацрт-Упатството за изменување и дополнување на Упатството за примена на одредбите за пласирање производи

Скопје, 13 март 2024 – Советот на Агенцијата на 9-та седница одржана на 12 март 2024 година, усвои Нацрт- Упатство за изменување и дополнување на Упатството за примена на одредбите за пласирање производи.

Измената и дополнувањето на Упатството произлегува од измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од јули 2023 година, каде беа направени промени поврзани со пласирањето производи.

Агенцијата ги повикува сите радиодифузери, даватели на АВМУ по барање и заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.

Јавната расправа трае 90 дена, заклучно со 11 јуни 2024 година.


Отворена јавна расправа за Нацрт-Правилникот за пристапност до медиумските услуги

Скопје, 12 март 2024 – Советот на Агенцијата на денешната 9-та седница, усвои Нацрт-Правилник за пристапност до медиумските услуги (линкот е во пристапен формат). Потребата за овој акт произлегува од измените и дополнувањата на ЗААВМУ од јули 2023 година, со кои обезбедувањето програми пристапни до лицата со попреченост стана обврска за радијата, телевизиите и медиумските услуги видео по барање, кои се должни да ја спроведуваат континуирано и прогресивно.

Нацрт-документот меѓу другото пропишува какви се обврските за давателите на аудиовизуелни медиумски услуги во зависност од нивните ресурси и досег на публиката, на кој начин можат да ги направат пристапни програмите, каталозите по барање односно понудата со одложено гледање, како и електронскиот програмски водич и др.

Агенцијата ги повикува сите радиодифузери, даватели на АВМУ по барање и заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.

Јавната расправа трае 90 дена, заклучно со 10 јуни 2024 година.



Accessibility

Accessibility