Информации од јавен карактер

Согласно Законот за пристап до информации од јавен карактер, Агенцијата има составено Листа на информации од јавен карактер.

За да се добие информација од јавен карактер потребно е да се пополни образецот – Барање за пристап до информации од јавен карактер, и истото да се достави по пошта на следната адреса: Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Палата Панко Брашнаров, ул.„Македонија“ бр.38, 1000 Скопје, или на е-адресата c.mitrevska@avmu.mk.

Службено лице за посредување со информации и давање помош на баратели на информации од јавен карактер на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е Цветанка Митревска, тел: 02/3103 405.

Доколку барателот сака да достави жалба до Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, тоа може да го стори со помош на следниот образец.

Напомена: За доставените барања или жалби треба да бидат издадени соодветни потврди за прием.

Со цел да се појасни што е информација од јавен карактер, кој има право на пристап до информации од јавен карактер, кои информации Агенцијата ги има утврдено дека се информации од јавен карактер, како и начинот на кој може да се добијат информации од јавен карактер, Агенцијата отпечати леток „Пристап до информации од јавен карактер“. Летокот е наменет за пошироката јавност и истиот е достапен на следниот линк.

Сите податоци за Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно Законот за пристап до информации од јавен карактер се достапни на следниот линк.

==========================================================================================================================

Поднесени барања и одговор на Агенцијата

Годишни извештаи на Агенцијата како имател на информации од јавен карактер



Accessibility

Accessibility