Отворена јавна расправа за Нацрт-одлука за утврдување листа на настани од големо значење за јавноста на Република Северна Македонија
Скопје, 13.05.2026 – На вчерашната 17-та седница, Советот на Агенцијата усвои Нацрт-одлука за утврдување листа на настани од големо значење за јавноста на Република Северна Македонија, за која е отворена јавна расправа.
Со Нацрт-одлуката се утврдува листа на настани (национални или меѓународни) чие телевизиско емитување се смета дека е од големо значење за населението во Република Северна Македонија и кои задоволуваат одредени критериуми утврдени во самиот документ.
Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни со свои мислења и предлози во писмена форма, да учествуваат во јавната расправа и истите да ги достават по електронски пат на contact@avmu.mk или по пошта на ул. „Македонија“ бр.38, 1000 Скопје.
Јавната расправа ќе трае до 12 јуни 2026 година.
Доставени предлози во врска со јавната расправа
Предлог од Друштво на филмски работници на република Македонија – 26.05.2026