Образец на пријава

Појаснување за кандидатите за објавениот Јавен конкурс, за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво, на подрачје на општина Струга

Во врска со Одлуката за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво, УП1 бр.08-153 од 08.05.2025 г. (објавена во „Службен весник на РСМ“ бр.96/25 од 14.05.2025 г.) известуваме дека:

–    Конкурсната документација и образецот – Пријава за учество на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво, на подрачјето на општина Струга, можат да се подигнат во архивата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Палата „Панко Брашнаров“, ул.„Македонија” бр.38, Скопје, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот;

–    За документацијата се плаќа надоместок во износ од 60.000,00 (шеесетилјади) денари на жиро сметка: 300000000618023, на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Банка депонент: Комерцијална банка АД Скопје;

–   Пријавите на кандидатите кои нема да го платат надоместокот за документацијата, кои ќе бидат поднесени по истекот на крајниот рок, некомплетните пријави (кои нема да ги содржат сите документи и прилози согласно Пријавата), неуредно пополнетите пријави, како и пријавите кои нема да бидат поднесени во 2 (два) примерока (оригинал и копија), нема да се разгледуваат.

Крајниот рок за поднесување на пријави по Јавниот конкурс е заклучно до 14.07.2025 година (понеделник).

Одлука за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво, општина Струга

Пријава за учество на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво, на подрачјето на општина Струга

Известување за јавното отворање на пријавa за учество на јавниот конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на локално ниво на подрачјето на општина Струга

Скопје, 16 јули 2025 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на 19-та седница одржана на 08.05.2025 година, донесе Oдлука за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво, на подрачјето на општина Струга УП1 бр.08-153 од 08.05.2025 година (објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“, бр.96/25 од 14.05.2025 година).

  • Крајниот рок за поднесување на пријави за учество на јавниот конкурс беше до 14.07.2025 година.
  • Пријавите поднесени на овој конкурс, согласно точка 13 од напред наведената одлука, треба да бидат јавно отворени, една недела по истекот на рокот за поднесување на истите.

Јавното отворање на доставенaта пријава за учество на наведениот јавен конкурс, ќе се одржи на ден 22.07.2025 година (вторник) во 13:00 часот, во седиштето на Агенцијата, Палата „Панко Брашнаров“,  ул.„Македонија“ бр.38, Скопје.


 

Појаснување за кандидатите за објавениот Јавен конкурс, за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво, на подрачје на општина Штип

Во врска со Одлуката за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво, УП1 бр.08-155 од 08.05.2025 г. (објавена во „Службен весник на РСМ“ бр.96/25 од 14.05.2025 г.), известуваме дека:

–    Конкурсната документација и образецот – Пријава за учество на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво, на подрачјето на општина Штип, можат да се подигнат во архивата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Палата „Панко Брашнаров“, ул.„Македонија” бр.38, Скопје, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот;

–    За документацијата се плаќа надоместок во износ од 60.000,00 (шеесетилјади) денари на жиро сметка: 300000000618023, на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Банка депонент: Комерцијална банка АД Скопје;

–    Пријавите на кандидатите кои нема да го платат надоместокот за документацијата, кои ќе бидат поднесени по истекот на крајниот рок, некомплетните пријави (кои нема да ги содржат сите документи и прилози согласно Пријавата), неуредно пополнетите пријави, како и пријавите кои нема да бидат поднесени во 2 (два) примерока (оригинал и копија), нема да се разгледуваат.

Крајниот рок за поднесување на пријави по Јавниот конкурс е заклучно до 14.07.2025 година (понеделник).

Одлука за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво, општина Штип

Пријава за учество на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво, на подрачјето на општина Штип

Известување за јавното отворање на пријавa за учество на јавниот конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на локално ниво на подрачјето на општина Штип

Скопје, 16 јули 2025 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на 19-та седница одржана на 08.05.2025 година, донесе Oдлука за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво, на подрачјето на општина Штип УП1 бр.08-155 од 08.05.2025 година (објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“, бр.96/25 од 14.05.2025 година).

  • Крајниот рок за поднесување на пријави за учество на јавниот конкурс беше до 14.07.2025 година.
  • Пријавите поднесени на овој конкурс, согласно точка 13 од напред наведената одлука, треба да бидат јавно отворени, една недела по истекот на рокот за поднесување на истите.

Јавното отворање на доставенaта пријава за учество на наведениот јавен конкурс, ќе се одржи на ден 22.07.2025 година (вторник) во 11:00 часот, во седиштето на Агенцијата, Палата „Панко Брашнаров“,  ул.„Македонија“ бр.38, Скопје.



Accessibility

Accessibility