ОЈЕКМ

Операторите на јавна електронска комуникациска мрежа (или попознати како кабелски оператори) реемитуваат програмски пакети, составени од странски и домашни програмски сервиси. Тие можат да вршат реемитување само врз основа на потврда издадена од Агенцијата. Потврда се издава по пријава поднесена од страна на операторот, било за поединечен сервис или за програмскиот пакет во целина. Претходно мора да бидат регулирани авторските и сродните права.

Во регистарот на оператори, евидентирани се 32 субјекти.

Агенцијата врши програмски надзор врз операторите од аспект на: заштита на малолетни лица (забрана за порнографија во некодиран облик и забрана за деска порнографија); употреба на јазикот (доколку е различен од оригиналниот јазик, титлот мора да биде на македонски или на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија, освен телешопингот и рекламите); реемитување само регистрирани програмски сервиси (врз основа на потврда од Агенцијата); почитување на сервисната зона на дозволата (операторот не смее да реемитува домашен радиодифузер надвор од подрачјето за кое радиодифузерот има дозвола).

Откако ќе изврши надзор, Агенцијата изготвува извештај. Ако е констатирано прекршување, на операторот му се изрекува мерка – опомена, односно, доколку се продолжува со вршење на истата повреда на законот, во текот на годината, се покренува прекршочна постапка пред надлежен суд.

 



Accessibility

Accessibility