Медиумска Писменост

Согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Агенцијата има обврска за промовирање на медиумската писменост. Во оваа насока, Агенцијата, со експертска поддршка, изработи Програма за поттикнување на медиумската писменост во Република Македонија. Основните цели на Програмата се да се подигне свеста за концептите за медиумска писменост, да се придонесе кон разбирањето на медиумската писменост од страна на граѓаните, да се подобрат условите за граѓанско и демократско учество.
Во април 2017 година, на иницијатива на Агенцијата беше формирана македонската Мрежа за медиумска писменост. Целта на формирање на Мрежата е да се унапреди соработката меѓу различните чинители во македонското општество кои креираат и спроведуваат политики и реализираат активности и проекти во сферата на медиумската писменост. Членки на Мрежата, се 37 субјекти од различни, но релевантни области. Во неа членуваат две министерства – за образование и за труд и социјална политика, Агенцијата за филм, Дирекцијата за заштита на лични податоци, два приватни субјекти од областа на високото образование, 10 радиодифузери и 19 граѓански организации, и тоа од оние кои ги претставуваат новинарите, преку невладини организации кои работат на различни аспекти од медиумската сфера, до поборници за човекови права.
Мрежата е константно отворена за нови членови – заинтересираните страни треба само да пополнат пристапница и да го усвојат Актот за формирање на Мрежата (и двата достапни на веб страницата на Агенцијата).

Видео материјали за медиумска писменост

Истражувања поврзани со медиумска писменост 

Активности на други субјекти поврзани со медиумската писменост

Активности и настани на АВМУ 



Accessibility

Accessibility