Промовиран ИПА проектот за зајакнување на административните и регулаторните капацитети на Советот за радиодифузија и Агенцијата за електронски комуникации

image_pdfimage_print

Скопје, 5 ноември 2013 година. Денес, во Инфо центарот на Европската унија беше промовиран ИПА проектот „Зајакнување на административните капацитети на регулаторните тела за телекомуникации и медиуми за ефикасно регулирање на новите дигитални и повеќенаменски услуги“.

  На присутните им се обратија неговата екселенција г-дин Аиво Орав, шеф на Делегацијата на ЕУ, г-дин Иво Ивановски, министер за информатичко општество и администрација, г-дин Роберт Ордановски, директор на Агенцијата за електронски комуникации, д-р Зоран Трајчевски, претседател на Советот за радиодифузија и г-дин Шандор Шпакиевич, тим лидер на проектот.

Ова е прв ваков проект на Советот за радиодифузија и, како што рече претседателот на Советот за радиодифузија д-р Зоран Трајчевски, очекувањата од него се големи. Експертската помош ќе биде користена при изработка на подзаконските акти кои ќе произлезат од Законот за аудиовизуелни медиумски услуги и од Законот за медиуми, за примена на новите правила за медиумска концентрација, за унапредување на анализите на пазарот за радиодифузната дејност, за изработка на програма за медиумска писменост со чија помош граѓаните ќе стекнат вештини и знаење за традиционалните и новите комуникациски услуги. Очекувањата се дека крајниот резултат ќе биде регулаторно тело за медиуми кое во ништо не заостанува зад европските практики, од што пред се, корист ќе имаат граѓаните, медиумите, операторите на јавни комуникациски мрежи, и во крајна линија целото општество.



Accessibility

Accessibility