Извршен административен надзор врз ТВ Арт Чаннел, ТВ Компани 21-М, ТВ Нова и ТВ Шења

Скопје, 13.04.2018 – Агенцијата спроведе редовен административен надзор врз ТВ Арт Чаннел, ТВ Компани 21-М, ТВ Нова и ТВ Шења, за обврските за објава на импресум, идентификација на радиодифузер и за информации кои треба да се достапни до корисниците.

Надзорот покажа дека на програмата на ТВ Арт Чаннел емитувана на 14 март и на ТВ Шења емитувана на 13 март, не се објавени податоци за импресум, додека на програмата на ТВ Нова, емитувана на 19 март, не се објавени ниту податоци за импресум, ниту информации кои треба да се направат достапни до корисниците.

Извештаите може да се преземат на следните линкови:

ТВ Арт Чаннел – (член 14 од ЗМ, член 97 од ЗААВМУ) – 13.04.2018
ТВ Компани 21-М – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 13.04.2018
Телевизија Нова– (член 14 од ЗМ) – 13.04.2018
Телевизија Нова – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 13.04.2018
ТВ Шења – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 13.04.2018