Хроника од 11-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 27.02.2019г. – Поради неисполнување на обврската од член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поради неплатен годишен надоместок за дозволата за телевизиско емитување во законски утврден рок, Советот на Агенцијата донесе три (3) Одлуки за одземање на дозволата на ТРД КАНАЛ 5 плус ДООЕЛ Скопје, ТРД ТВ СКОПЈЕ ДОО Скопје и ТРД К ТРИ Телевизија ДООЕЛ Куманово.

На денешната седница Советот донесе и Решенија за запирање на покренати постапки за одземање на дозвола за телевизиско и радио емитување на следниве радиодифузери: РТД Телевизија Сонце ДООЕЛ Прилеп, ТРД Телевизија Кочани-ЛД ДООЕЛ Кочани,ТРД БИ-КИ-АЛ ДООЕЛ Битола, ТРДД Б-97 ДООЕЛ Битола, ТРД Радио Валандово ДОО, ТРД ТВ Амазон, ТРД ТВ ГУРРА ДООЕЛ Кичево и ТТРД Т.В. КАЛТРИНА Мазар Татеши, Струга ДООЕЛ.

Врз основа на констатации од контролен надзор врз операторот на јавна електронска комуникациска мрежа ТОТАЛ ТВ ДОО Скопје, каде е утврдено дека операторот реемитува програмски пакет кој не е регистриран во Агенцијата, Советот на Агенцијата донесе Заклучок за поведување на прекршочна постапка.

Воедно, донесе и Решение за бришење од регистарот на радиодифузери на Радиодифузното трговско друштво Телевизија СОНЦЕ ДООЕЛ Прилеп.



Accessibility

Accessibility