Видео материјали за медиумска писменост

Патување до медиумската писменост 3: Приватност и следење

Јове станува се помудар за медиумите и продолжуваат неговите авантури на Островот на медиумската писменост.

Овој пат, тој открива дека е следен!

Но, кој  го следи и што може тој да направи во врска со тоа?

Дознајте во третиот видео спот од авантурата на Јове низ медиумската писменост.

Спот – Патување до медиумската писменост 3: Приватност и следење

==================================================================================================

Медиумската писменост преку зборовите на Медиана 

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста продуцираше пет едукативни видеа во кои се обработуваат различни сегменти на медиумската писменост. Како главен лик е избрана младата ју-тјуберка Изабела Пан (Изабела Јакимовска), која во улога на Медиана, на еден симпатичен начин ги доловува основните концепти на медиумската писменост; советува како одговорно да се однесуваме во онлајн сферата, како да се детектираат лажни вести, што е (новинарска) вест, и секако – како може да ги употребиме медиумите за да направиме позитивна промена во општеството. Видеата се наменети првенствено за младата популација, но се интересни и за пошироката јавност, бидејќи се наменети за подигнување на свеста за прашања од јавен интерес

Видеата се изработени во рамки на проектот „Коалиција за медиумска писменост“ што го реализира Високата школа во соработка со Институтот за различности во медиумите од Лондон и весникот „Нова Македонија“, со поддршка на Европската Унија. Станува збор за следниве видеа:

1. Медиумска писменост 

2. Онлајн живот 

3. Точни и проверени информации 

4. Што е вест 

5. Ангажирана публика 

============================================================================================================================

Видео спот – „Авантура низ медиумската писменост“

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја обработи македонска верзија на анимираниот спот за авантурата на момчето Џек кое стана Јове.

Спотот беше обработен од страна на  вработени од Агенцијата како и од г-динот Зоран Петров од РА Антена 5 кој го позајми својот глас за ликот Јове. Спотот е насловен како „Авантура низ медиумската писменост“ и истиот можете да го преземете на следниот линк:

Спот – Авантура низ медиумската писменост

 

============================================================================================================================

Авантурите на Јове и на албански јазик

Веќе познатите спотови на ЕАВИ за авантурите на момчето Јове, или Џек, низ медиумската писменост, се достапни и на албански јазик. Продуцирани се од страна на граѓанските здруженија Конеду глобал и Метаморфозис, со финансиска поддршка на Британската амбасада

Авентура во медиумска писменост – Албански 

За свесноста- Албански

============================================================================================================================

Видео спот – „Каде е Горан?“

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуски услуги направи и адаптирана македонска верзија на спотот „Каде е Клаус?“ на германската организација klicksafe.de, чиј превод го направија вработени од Агенцијата, додека нахсинхронизацијата и титлувањето го реализираше ТВ Сител. Целта е уште еднаш да се сврти вниманието на родителите кон фактот дека во РМ постои софтвер, кој можат да го искористат за ефикасна контрола врз Интернет – содржините до кои пристапува нивното дете. Спотот „Каде е Горан?“ може да се преземе на следниот линк:

Спот – Каде е Горан?

 

============================================================================================================================

Видео спот – „За свесноста, што правам јас“

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за македонската публика адаптираше уште еден видео спот кој е посветен на медиумската писменост, од циклусот спотови на меѓународната организација ЕАВИ, со наслов „За свесноста, што правам јас“.

Видео спотот беше презентиран на јавниот состанок на Агенцијата кој се одржа на 29 декември 2016 година, и истиот е достапен на следниот линк:

Спот – „За свесноста, што правам јас“

 



Accessibility

Accessibility