1

Втор јавен состанок во 2015 година

На Вториот јавен состанок Агенцијата ги презентираше активностите реализирани во изминатото тромесечје

v 2Скопје, 16.06.2015г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни   медиумски услуги, во согласност со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го одржа Вториот јавен состанок за 2015 година. За спроведените активности согласно Годишната програма за работа на АВМУ говореше д-р Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата, кој на почетокот од состанокот истакна:

 – Нашата тенденција за транспарентност и отчетност во работењето постојано ја надградуваме, во таа насока е и презентирањето на обемниот сублимат од реализирани тримесечни активности.

Детално беа образложени спроведените надзори, како и изречените мерки за опомена кај радиодифузерите, операторите на јавни комуникациски мрежи и печатените медиуми. Се потенцираа и актите произлезени од усогласувањето на домашната со европската легислатива, доделувањето на нови дозволи за ТВ емитување од кои две на државно и три на регионално ниво, престанокот на вршење на дејноста – пренос и реемитување на радио и телевизиски програмски сервиси кајтри оператори на јавни електронски комуникациски, како и активностите од имплементација на Стратегијата за развој на радиодифузна дејност во РМ 2013-2017.

2 javen sostanokЗа имплементацијата на проектот ИПА ТАИБ 2009, финансиран од Европската унија, и посветен на „Зајакнување на административните капацитети на телата задолжени за телекомуникации и медиуми за ефикасно регулирање на новите дигитални и повеќенаменски услуги“, се обрати Огнен Неделковски, Раководител на одделението за културен идентитет и раководител на овој проект, кој го образложи сублиматот од реализирани активности во рамки на проектот.

На крајот од состанокот, директорот Трајчевски посочи дека Агенцијата е отворена за соработка и ги повика сите радиодифузерии, печатени медиуми и оператори на јавни комуникациски мрежи, како и останатите засегнати страни, да дадат свои мислења или предлози на теми, кои би се презентирале на следните јавени состаноци, а се од интерес на целата јавност.

Презентациите од Вториот јавен состанок може да се преземат на следниве линкови:

д-р Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата

Огнен Неделковски


 Агенда за учество на вториот Јавен состанок на Агенцијата за 2015 година

Пријава за учество на вториот Јавен состанок на Агенцијата за 2015 година