Прв јавен состанок во 2015 година

image_pdfimage_print

Агенцијата го одржа својот прв јавен состанок

1- vebСкопје, 23.03.2015г. – Денес, Агенцијата согласно обврските утврдени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го одржa својот прв јавен состанок за 2015 година. Состанокот го отвори д-р Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

На состанокот Раководителот на Секторот за координација и поддршка на работата на Директорот и на Советот на Агенција, м-р Драгица Љубевска го презентираше статусот на реализација на активностите на Агенцијата и исполнување на целите на годишната програма за работа на Агенцијата.  Раководителот на Секторот за стратешко планирање и авторски права м-р Магдалена Давидовска – Довлева  и Раководителот на Сектор за информатичка поддршка и општи работи ги презентираа резултатите од стручниот надзор на којшто беше спроведен во февруари оваа година, а со цел да се провери дали радиодифузерите коишто ги заменија дозволите, но и оние коишто добија нови дозволи за телевизиско емитување ги исполнуваат техничките, просторните и кадровските услови, согласно Правилникот за минимални просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување.

Агенцијата, во рамките на подготвувањето на поширока програма за промоција на2-veb медиумската писменост изработи План за популаризирање на правото на одговор и исправка, чија цел е да се подигне свеста на граѓаните и правните лица за можноста да исправат неточна информација, како и да ги заштитат својата чест и углед користејќи го механизмот кој им го дава Законот за медиуми, како и давателите на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги подобро да се запознаат со нивните обврски и права при објавување одговор и исправка. Подетален осврт на оваа тема имаше раководителот на Одделението за човекови права и медиумска писменост, м-р Емилија Петреска Камењарова.

Презентациите може да ги преземете на следниве линкови:

м-р Драгица Љубевска

м-р Магдалена Давидовска Довлева

м-р Арбен Саити

м-р Емилија Петреска Камењарова

Добиените ставови и мислења и ставот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за првиот јавен состанок за 2015 година можете да ги преземете тука 


Агенда за учество за првиот јавен состанок на Агенцијата за 2015 година

Пријава за учество за првиот јавен состанок на Агенцијата за 2015 година 



Accessibility

Accessibility