Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 32-та седница ја одржа на 07.08.2024 година (среда), со почеток во 14:05 часот, преку видео конференциска врска.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 9-та Јавна седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 29.07.2024 година.
- Усвојување на Предлог-записник од 31-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 29.07.2024 година.
- Предлог за покренување постапка за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД РАДИО ПРО-ФМ ДОО Гостивар.
- Предлог-одлука за одбивање на писмено барање од заинтересирана страна за донесување одлука за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис на непрофитна радиодифузна установа, на регионално ниво, на подрачјето на град Скопје.
- Предлог-решение за бришење од регистарот на радиодифузери на Трговското друштво за радиодифузија ТВ – КАНАЛ ВИС ДООЕЛ Струмица.
- Предлог-решение за бришење од регистарот на радиодифузери на Трговското радиодифузно друштво БАЛКАН ФМ РАДИО ДООЕЛ Гостивар.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – услуга: Тест за безбедност и издржливост на мрежата и интернет сајтовите на Агенцијата.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – услуга: Истражување – Анализи на родовите прашања и на начинот на прикажување и претставување на жените и на мажите во програмите на радиодифузерите.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – услуга: Одржување Денови на медиумска писменост 2024.
- Предлог – одлука за исплата на надоместок за смрт на член на семејство на вработен во Стручната служба на Агенцијата.
- Разно.