Хроника од 15-та седница

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 21.03.2013 – Советот за радиодифузија на денешната седница ги разгледа Извештаите од мониторингот на медиумското покривање на изборната кампања на ТРД Канал 5, ТВ Алфа, ТB Сонце, ТВ Амазон, ТВ Шутел, ТВ Бтр Национал, ТВ Дибра, ТРД Вижн-БМ, ТВ Арт, ТВ Кочани-ЛД, ТВ Кобра, ТВ Еми, ТРД Нова, ТРД Канал 21, ТВ МТМ,  и заклучи да ги изрече следниве мерки:

– за прекршување на член 75 став 3 од Изборниот законик и член 22 став 1 од Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања (надминување на лимити за платено политичко рекламирање на еден реален час), Советот ќе покрене прекршочна постапка за ТРД Канал 5, ТВ Алфа, ТB Сонце, ТВ Амазон, ТВ Шутел, ТВ Бтр Национал, ТВ Дибра – Дебар, ТРД Вижн-БМ, ТВ Арт – Тетово, ТВ Кочани-ЛД, ТВ Кобра – Радовиш, ТВ Еми – Радовиш, ТРД Нова – Куманово и ТРД Канал 21. Прекршочна постапка ќе биде покрената и против главните и одговорни уредници на овие радиодифузери.

-за прекршување на член 75 став 3 од Изборниот законик и член 7 од Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања (емитувани реклами финансирани од Буџетот на РМ, односно од буџетите на општините и на градот Скопје), Советот ќе покрене прекршочна постапка за ТВ МТМ и ТВ Вижн-БМ. Прекршочна постапка ќе биде покрената и против главните и одговорни уредници на овие радиодифузери.

– за прекршување на член 75 став 3 од Изборниот законик и член 27 од Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања (емитувано платено политичко рекламирање во дебатни емисии), Советот ќе покрене прекршочна постапка за ТВ Шутел и ТВ БТР. Прекршочна постапка ќе биде покрената и против главните и одговорни уредници на овие радиодифузери.

Советот заклучи да упати укажување на: ТВ Дибра поради што е емитувано платено политичко рекламирање кое не е означено со „платено политичко рекламирање” и не е одвоено со најавна и со одјавна шпица; ТВ Алфа и ТВ Вижн-БМ поради што е емитувано  платено политичко рекламирање чиј нарачател не е јасно означен.
Советот го усвои Предлог – Мислењето за три работни документи на ЕК – за имплементација на универзалната услуга, дополнителните информации за преминот кон дигитална телевизија и прашалникот за земјите – членки. Советот позитивно го оцени донесувањето на ваквите документи.

Советот ја разгледа Информацијата за раскинување на договорите за реемитување на телевизиските програмски сервиси на ИКО МЕДИА од Белград и заклучи да упати налог за исклучување на:

• ТРД Оператор на кабелска мрежа ГЛОБАЛ-НЕТ ДООЕЛ Крушево за програмските сервиси: Ultra, Cinemania, Sport Klub, Sport Klub+, Fishing&Hunting и Golf Klub.

• Друштво за промет, производство и услуги ИМПЕРИЈАЛ-С ДООЕЛ увоз извоз Скопје за програмските сервиси: Sport Klub, Sport Klub+, Fishing&Hunting и Golf Klub.

• ТРД Оператор на кабелска мрежа ТО-МИ ДОО Радовиш за програмските сервиси: Sport Klub, Sport Klub+, Fishing&Hunting и Golf Klub и

• Друштво за меѓународна шпедиција, транспорт и трговија ТРАНШПЕД ТРЕЈД ДООЕЛизвоз-увоз Скопје за програмските сервиси: Sport Klub, Sport Klub+,Fishing&Hunting и Golf Klub.



Accessibility

Accessibility