Хроника од 21-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 18.06.2015 година – На 21-та седница, Советот на Агенцијата донесе Одлуки за доделување дозволи за телевизиско емитување на програмски сервис преку ЈЕКМ што не користи ограничен ресурс, на регионално ниво на трговските радиодифузни друштва ВИЖН БМ-ТВ КАНАЛ ВИЗИЈА ДООЕЛ Прилеп и ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА УСКАНА Мунир Мехдиу Кичево ДООЕЛ и Одлука за ребаланс на финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2015 година

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната седница го усвои и Правилникот за обезбедување достапност до медиумите на лица со сетилна попреченост.

Со цел спроведување на јавните набавки, Советот даде одобрение Директорот на Агенцијата да спроведе постапки за јавна набавка за Финансиско-осигурителни услуги на новото седиште на Агенцијата во Скопје – деловен објект Палата „Панко Брашнаров“,Одржување на системот за снимање на аудио – видео записи и да донесе Одлука за одобрување на финансиски средства и потпишување на Договор со „АКАДЕМИКА“ – електронска база на прописи.



Accessibility

Accessibility