Хроника од 3-та седница

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 30.01.2015 – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната седница ја усвои Програмата за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2015 година и Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2015 година – Пречистен текст.

Советот на Агенцијата ги донесе следниве правилници: Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за користење на службени мобилни телефони и 3Г УСБ модем во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за месечниот надоместок и другите трошоци на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги бр.01-3802/1 од 17.07.2014 година и бр.01-4886/1 од 07.10.2014 година, Правилник за изменување и дополнување на Правилникот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за користење на средства за репрезентација бр.01-3636/1 од 08.07.2014 годинаи Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот за користење, управување и одржување на службените моторни возила на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги бр.01-3635/1 од 08.07.2014 година.

Советот на Агенцијата донесе два Нацрт – Правилника: Нацрт – Правилник за начинот на водење на дневната евиденција и за квалитетот на снимките од емитуваната програма на радиодифузерите и Нацрт – Правилник за спонзорство. 



Accessibility

Accessibility