Хроника од 35-та седница

СКОПЈЕ, 31.08.2012 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница го одобри барањето на ТРД Наша ТВ ДОО од Скопје за согласност за промена на сопственичката структура.
Точката за иницирање на постапка за одземање на дозволите за вршење радиодифузна дејност на трговските радиодифузни друштва кои не го платиле надоместокот за дозволата за вршење радиодифузна дејност беше одложена за следната седница, зашто рокот за плаќањето истекува денеска на крајот од денот.
СРД одлучи да се откаже од започнатите прекршочни постапки против:
–     ТВ Алсат-М, бидејќи радиодифузерот достави доказ дека ја извршил мерката „писмена опомена со објавување“; и
–    Радио Рос Метрополис, бидејќи радиодифузерот ја извршил мерката „писмена опомена со објавување“.
СРД на Радиото Антена 5 одлучи да му изрече две писмени опомени поради неозначување и неиздвојување на рекламите од другите делови на програмата и поради прикриено рекламирање.


Accessibility

Accessibility