1

Хроника од 36-та седница

СКОПЈЕ,19.07.2013 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ја усвои Информацијата во врска со Барањето на ТРД 24 Вести ДООЕЛ Штип со кој побара медијација, логистика и подршка од Советот за радиодифузија за емитување на неговиот телевизиски програмски сервис од страна на операторите на јавни комуникациски мрежи. Советот донесе заклучок да се обрати со допис дооператорите Диги плус Мултимедија и Медиа енд Броудбенд Близусо кој ќе се препорача, доколку непостојат технички, финансиски или други пречки, истите да го реемитувааттелевизискиот програмски сервис ТРД 24 Вести ДООЕЛ – Штип, во интерес назбогатување на програмскиот пакет со домашни телевизиски програмски сервисии заради задоволување на интересите на домашната телевизиска публика. Доколку добие негативен одговор, Советот ќе организира состанок со засегнатите страни за да се надминат пречките зареемитување на споменатиот телевизиски програмски сервис.

СРД ја усвои Информацијата во врска со Барањето на ТРД ТВ Ера ДОО – Скопје со кој побара интервенција на Советот за радиодифузија, со којаќе се обезбеди реемитување на нејзиниот телевизиски програмски сервис од страна на ситекабелски оператори кои дејствуваат на подрачјето на регионот Скопје. Советот донесе заклучок да постапи на истиот начин како и во случајот со ТРД 24 Вести ДООЕЛ Штип, со тоа што ќе се обрати до кабелските оператори од регионот Скопје (со исклучок на кабелскиот оператор кој ја реемитува програмата на ТВ Ера).

СРД ја усвои Информацијата во врска со плаќањето на надоместокот на дозволата за вршење на радиодифузна дејност на ТРД Енергу Радио ДООЕЛ Струга по иницираната постапка за одземање на дозволата. Со оглед на тоа што надоместокот за дозволата и по последното предупредување не е платен во дадениот рок, Советот донесе одлука за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на трговското радиодифузно друштво Енергу Радио ДООЕЛ Струга. Одлуката за одземање ќе стапи на сила, доколку ТРД Енергу Радио ДООЕЛ Струга не изврши уплата на средствата, заклучно со 23 јули 2013 година.

СРД ја усвои Информацијата во врска со ексклузивните права-за емитување и реемитување на натпреварите од светскиот шампионат на Формула 1 на територијата на Република Македонија и донесе заклучок да се повлече налогот за затемнување на Спорт Клуб каналите при нивното реемитување во јавните комуникациски мрежи во Македонија за време на одржување на трките од Формула 1 натпреварувањето.

СРД ја усвои информацијата за службената посета на ТРД ДИ-ЏЕЈ СЛАВЕ ДООЕЛ – СТРУГА и утврди дека радиодифузерот емитува радио програма на доделената фреквенција 102,2 MHz, со задоволителен квалитет на приемот. Советот донесе заклучок за запирање на постапката за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност. Советот и понатаму ќе ја следи работата на ТРД ДИ-ЏЕЈ СЛАВЕ, посебно во делот на исполнување на условите од дозволата.

Советот за радиодифузија заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

-на ДИГИ ПЛУС МУЛТИМЕДИА бул. Партизански одреди бр.70/5 1000 Скопје, Потврда бр. 11 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискиот програмски сервис Klasik TV.

-на ТРД – оператор на кабелска мрежа ГИВ Иван и ДОО- Гостивар, бул.Браќа Ѓиноски бр.217 Гостивар, Потврда бр. 5 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: ТВ Дуе-Гостивар (локално), ТВ Зери и Чеграни- Гостивар (регионално), ГТВ – Гостивар (локална), Канал 5, Телма, Sport klub, Sport klub plus, Sport klub prime, Golf klub, Fishing&Hunting, Ultra, Mini ultra, IQS live, Cinemania, Tring super, Tring sport, Tring world, Tring comedy, Tring shqip, Tring tring, Tring max, Tring life, Tring planet, X tring Folk plus, Mediasat (SCAN), NTV, Vizion plus, Kanali 7, 3 plus, Club TV, TRV 21, RTV 21 populore, Planeta, Balkanika, Folklor TV, FEN TV, Animal Planet, Discovery channel, TLC, FOX, FOX life, FOX Crime, Nat.Geo.Channel, Nat.Geo.Wild, 24 Kitchen, Boomerang, Cartoon Network, TCM, Viasat Nature, Viasat History, Viasat Explorer, TV 1000, Chase&Peshe, ATV, Kanal D, STV, Star, OBN, Orlando Kids, Alternativna TV, NDR, 3 Sat, Kika, Arte, M 2, Kabel 1, HSE24, Sat 1, HRT 1, HRT 3, JRTS, N-TV, VOX и TV 5 Monde.

-на ТРД – оператор на кабелска мрежа ИНФЕЛ КТВ ДОО Охрид, Потврда бр. 9 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: OBN и Orlando Klinci.

-на Македонски Телеком АД Скопје, Потврда бр. 44 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: ТВ Менада-Тетово (локално) и Auto moto und Sport Channel HD.

-на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Cкопје, Тетово, Куманово Велес, Штип, Прилеп ул. 3-та Македонска Бригада бб, Потврда бр. 45 со која регистрираниот дигитален програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: AGON Channel, Sky News, Nat Geo Wild и Baby TV.

-на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Прилеп, ул. 3-та Македонска Бригада бб, Потврда бр. 20 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискиот програмски сервисТВ Лажани-Прилеп (локално).

-на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Cкопје, Тетово, Куманово Велес, Штип, Прилеп ул. 3-та Македонска Бригада бб, Потврда бр. 46 со која регистрираниот дигитален програмски пакет како целина се дополнува со телевизискиот програмски сервис DM SAT.

Продолжение од 36-та седница одржано на 23.07.2013:

-Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница донесе одлука за запирање на иницираната постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на трговското радиодифузно друштво Енергу Радио ДООЕЛ Струга, поради што радиодифузерот извршил плаќање на надоместокот.