Хроника од 4-та седница

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 27.02.2012 –  На денешната седница, СРД констатираше дека ТВ Сител, ТВ АлсатМ, и Наша ТВ  ја извршиле изречената мерка – писмена опомена со обврска со објавување. Само Џангл ТВ не ја исполнил својата обврска, при` што беше донесена одлука дека доколку овој радиодифузеер  не ја изврши изречената мерка – писмена опомена со барање за објавување во рок од 7 дена, против него ќе биде покрената прекршочна пријава.

Во врска со Извештајот од мониторинг на емисијата „Живот – 20 години независност“, која што беше емитувана на ТВ Алфа, СРД имаше предвид дека ТВ Алфа, во пет наврати објавил дека во сите емитувани епизоди од серијалот се користени снимки од МРТ, а само еднаш не го сторил тоа, па Советот реши да и’ укаже на ТВ Алфа, дека во епизодата од 3 јануари 2012 година, не е објавен телопот со информации чии се архивските снимки што се користат. Исто така, на овој радиодифузер му се укажа дека во иднина мора претходно да ги регулира правата за користење aудиовизуелни материјали во своите програми што се сопственост на други радиодифузери или продуценти согласно Законот за авторското право и сродните права, бидејќи член 77 од Законот за радиодифузната дејност ги обврзува да ги создаваат и емитуваат програмите со уредени авторски и сродни права. СРД за ова ќе ја информира и МРТ, со напомена дека во идни ситуации на непочитување на нивните права, можат да поведат постапка според Законот за авторското право и сродните права.

Усвоена беше информацијата за барањето за одобрение за промена на сопственичката структура на ТВ Шутел.
Точките од 4-16 од дневниот ред, поврзани со извештаите од мониторинг на локални ТВ станици, беа одложени за продолжението на седницата.



Accessibility

Accessibility