Хроника од 40-та седница

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 23.08.2013 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ја усвои Информацијата за постапувањето на радиодифузерите по изречените мерки и упатените укажувања поради неисполнување на обврската за доставување на податоци за економското работење во 2012 година. Поради неисполнување на наведената обврска Советот на следните радиодифузери одлучи да им ги изрече следниве мерки:

-на Радио Фокус времена забрана за рекламирање и телешопинг од еден ден;

-на Енергy Радио времена забрана за рекламирање и телешопинг од два дена;

-на Радио Беса писмена опомена со барање за објавување;

-на Радио Македонска Каменица писмена опомена.

СРД ја усвои Информацијата за постапувањето на радиодифузерите по изречените мерки и упатените укажувања од страна на Советот, поради неисполнување на обврската за објавување на податоците од работењето во претходната година на 31 март 2013 година. Поради неисполнување на наведената обврска Советот на следните радиодифузери одлучи да им ги изрече следниве мерки:

-на Енергу Радио писмена опомена со барање за објавување;

-на ТВ Супер Скај писмена опомена;

-на Радио Беса временa забрана за рекламирање и телешопинг од два дена;

-на Радио Фокус временa забрана за рекламирање и телешопинг од еден ден.

СРД ја усвои Информацијата за исполнувањето на обврската за објавување на податоците за работењето на радиодифузерите во претходната година на 30 јуни. Поради неисполнување на наведената обврска, Советот на следните радиодифузери одлучи да им ги изрече следниве мерки:

-на ТВ ВТВ писмена опомена:

-на ТВ ДУЕ писмена опомена со барање за објавување;

-на Канал Три писмена опомена;

-на Аљбана Плус писмена опомена;

-на Радио Фокус временa забрана за рекламирање и телешопинг од еден ден;

-на Енергу Радио писмена опомена со барање за објавување;

-на Радио Беса временa забрана за рекламирање и телешопинг од два дена;

-на Радио Мерлин писмена опомена со барање за објавување.



Accessibility

Accessibility