1

Хроника од 41-та седница

СКОПЈЕ, 30.08.2013 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ја усвои Информацијата за плаќање на надоместокот за дозволата за вршење радиодифузна дејност, по доставени пресметки на 15-ти август 2013-та година и донесе одлука за иницирање на постапката за одземање на дозволата за вршење радиодиузна дејност за РД НАША ТВ Скопје и РТД ТЕЛЕВИЗИЈА СОНЦЕ Прилеп. Советот до споменатите радиодифузери заклучи да упати последно предупредување да го платат долгот во рок од 15 дена од иницирањето на постапката за одземање на дозволата. Доколку радиодифузерот не постапи по упатеното предупредување, Советот ќе спроведе постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност.

СРД ги разгледа Извештаите од мониторингот на програмските сервиси ТВ Стар Штип емитуван на 15 јули, ТВ Ирис Штип емитуван на 24 јули, ТВ ВИЖН-БМ Прилеп емитуван на 25 јули, ТВ Канал Вис Струмица емитуван на 28 јули и ТВ Тиквешија Кавадарци емитуван на 30 јули 2013 година и заклучи да ги изрече следниве мерки:

– на ТВ Стар му изрече укажување за несоодветен програмскитермин на емитување и писмена опомена за прикриено рекламирање;

– на ТВ Ирис му изрече укажување за неозначување на програмите пред почетокот со акустично и визуелнопредупредување и не емитување постојано визуелно предупредување во текот на програмата; писмена опомена за непочитување на обврската за емитување најмалку 30% програма изворно создадена на македонски јазик и му изрече писмена опомена со барање за објавување за надминување на лимитите за рекламирање во текот на еден реален час;

– на ТВ ВИЖН-БМ му изрече писмена опомена за надминат лимит за рекламирање и укажување за емитување прикриено рекламирање и изложување производи со видливо истакнато име и марка;

– на ТВ Канал Вис му изрече времена забрана за рекламирање и телешопинг од еден ден за надминување на лимитите за рекламирање во текот на еден реален час и укажување поради неозначување и неиздвојување на рекламите од другите делови на програмата со оптички или акустички средства;

– на ТВ Тиквешија му изрече писмена опомена за непочитување на обврската за емитување најмалку 30%вокално-инструменталнамузика на македонски јазик.

СРД ја усвои Анализата на структурата на вработенитево радиодифузната индустрија во 2012 година.