Хроника од 5-та седница

СКОПЈЕ, 20.03.2012 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница донесе решение со кое што се утврдува престанување на важноста на дозволата за вршење на радиодифузна дејност на ТВ А1, поради фактичкиот и правен основ  за примена на член 62 став 1 алинеја 4 од Законот за радиодифузната дејност.
Беше усвоен и Извештајот за остварување на обврските за заштита и негување на културниот идентитет на радио и телевизиските програми во 2011 година, кој што произлегува како обврска од НПАА 2011. Низ дискусија беше заклучено дека радиодифузерите во изминатата година недоволно ја задоволувале квотата на изворно создадена програма, па беше одлучено дополнително да им се испрати укажување на сите радиодифузери во иднина за да обрнат повеќе внимание на овој аспект.
Бидејќи ТВ МЕДИ од Битола  и ТВ ДИ-ЏЕЈ Славе од Струга веќе подолго време не се достапни, СРД одлучи да преземе активности во насока на утврдување на фактичката состојба на овие два радиодифузери.
Во врска со констатираната промена на сопственичка структура на ТВ Гурра од Кичево без претходно побарано одобрение од СРД,  регулаторот одлучи да му изрече писмена опомена на овој радиодифузер. СРД ја констатираше и отстранетата недозволена медиумска концентрација кај ТРД Скај  радио плус од Берово.
СРД одлучи да ги извести продуцентите кои имаат започнато со реализација на проекти од јавен интерес, дека  најдоцна до 01 декември 2012 година  треба да ги завршат проектите, а доколку во предвидениот рок не достават готов проект, СРД ќе побара од нив да ги  вратат исплатените средства.
Советот ја разгледа Информација за краткорочните и среднорочните мерки  за развој на медиумите на ромски јазик  во Република Македонија, со предлог заклучоци за натамошно постапување на Советот за радиодифузија, имајќи ги предвид препораките и активностите содржани во Стратегија за Ромите во Република Македонија, во делот што се однесува на електронските медиуми на ромски јазик. Во тие рамки, покрај другото, се разгледуваа правните и техничките можности за  распространување на сигналот на постојните регионални телевизии на ромски јазик од Скопје, во внатрешноста на Република Македонија, посебно во оние делови каде што има поголема концентрација на ромска популација.
СРД го разгледа дописот на ТВ Алфа во врска со одлуката на уредништвото да не ја емитува емисијата „Во центар“. Исто така, беа разгледани и прифатени барањата на ТВ Канал5 и ТВ Сител за проценка на застапеноста на музиката во нивните програми, при што на радиодифузерите  ќе им бидат доставени податоци со кои што Советот веќе располага.
Советот го усвои Нацрт- Извештајот за работа на СРД на РМ за 2011 година.
СКОПЈЕ, 20.03.2012 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница донесе решение со кое што се утврдува престанување на важноста на дозволата за вршење на радиодифузна дејност на ТВ А1, поради фактичкиот и правен основ  за примена на член 62 став 1 алинеја 4 од Законот за радиодифузната дејност.
 
Беше усвоен и Извештајот за остварување на обврските за заштита и негување на културниот идентитет на радио и телевизиските програми во 2011 година, кој што произлегува како обврска од НПАА 2011. Низ дискусија беше заклучено дека радиодифузерите во изминатата година недоволно ја задоволувале квотата на изворно создадена програма, па беше одлучено дополнително да им се испрати укажување на сите радиодифузери во иднина за да обрнат повеќе внимание на овој аспект.
 
Бидејќи ТВ МЕДИ од Битола  и ТВ ДИ-ЏЕЈ Славе од Струга веќе подолго време не се достапни, СРД одлучи да преземе активности во насока на утврдување на фактичката состојба на овие два радиодифузери.
 
Во врска со констатираната промена на сопственичка структура на ТВ Гурра од Кичево без претходно побарано одобрение од СРД,  регулаторот одлучи да му изрече писмена опомена на овој радиодифузер. СРД ја констатираше и отстранетата недозволена медиумска концентрација кај ТРД Скај  радио плус од Берово.
 
СРД одлучи да ги извести продуцентите кои имаат започнато со реализација на проекти од јавен интерес, дека  најдоцна до 01 декември 2012 година  треба да ги завршат проектите, а доколку во предвидениот рок не достават готов проект, СРД ќе побара од нив да ги  вратат исплатените средства.
 
Советот ја разгледа Информацијата за краткорочните и среднорочните мерки  за развој на медиумите на ромски јазик  во Република Македонија, со предлог заклучоци за натамошно постапување на Советот за радиодифузија, имајќи ги предвид препораките и активностите содржани во Стратегија за Ромите во Република Македонија, во делот што се однесува на електронските медиуми на ромски јазик. Во тие рамки, покрај другото, се разгледуваа правните и техничките можности за  распространување на сигналот на постојните регионални телевизии на ромски јазик од Скопје, во внатрешноста на Република Македонија, посебно во оние делови каде што има поголема концентрација на ромска популација.
 
Accessibility

Accessibility