Хроника од 52-та седница

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 29.10.2013 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ги разгледа извештаите од мониторингот на програмските сервиси Радио Канал 77 Штип, Радио Антена 5 Скопјеи РОС Метрополис Радио Скопје, емитувани на 1 октомври 2013 година.

На програмата на Радио Канал 77 Штип и Радио Антена 5 Скопје не се констатирани прекршувања на Законот за радиодифузната дејност и на подзаконските акти.

За поттикнување користење на производите и услугите на спонзорот од страна на водителот на емисијата „Петар за појадок и пауза“, Советот за радиодифузија, на РОС Метрополис Радио Скопје му упати укажување.

СРД ја усвои Информацијата од мониторингот на реалното шоу „Крвта не е вода“ емитувано на Телевизија СИТЕЛ ДООЕЛ Скопје, на 21, 22 и 23 октомври 2013 година и заклучи да му укаже на медиумот дека ваквиот тип емисии треба пред и за време на емитувањето да се означуваат како програма од втора категорија за која е потребен родителски надзор, и дека не само премиерата, туку и репризата не смее да се прикажува во периодот од 5 часот наутро до 17 часот.

СРД ја усвои Информацијата по дописот на регионалниот радиодифузер ТРД ТВ ЕДО, во врска со записникот за констатиран прекршок емитување филмска програма без уредени авторки и сродни права, во периодот од 09 до 16 јуни 2013 година. Бидејќи дополнително доставената документација од ТВ ЕДО, заедно со претходно доставената документација за емитувана филмска програма, наведува на фактот дека овој радиодифузер ги имал регулирано авторските права за сите од негова страна емитувани наслови, во времето од 09 до 16 јуни 2013 година, Советот заклучи да ја запре постапката за порамнување и против овој радиодифузер да не поведува прекршочна постапка и да му изрече мерка писмена опомена поради тоа што радиодифузерот ја комплетираше документацијата дури во фазата на втор по ред приговор.

Советот за радиодифузија заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

-на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Cкопје, Тетово, Куманово Велес, Штип, Прилеп, Потврда бр. 51 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Penthouse HD, KCN, KCN Music, Svet Plus иTV 5 Monde.

-на ТРД Мултимедија Нетворк Л, ДООЕЛ Гостивар,Потврда бр. 17 со која регистрираниот дигитален програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: 24 Kitceh, FOX Movies, Fashion TV, Peace TV, Kanal 7, RTCG SAT, MTV Music, VH 1 Clasic, MTV Hits, MTV Rocks, MTV Dance, MTV Live HD, Planeta, TOP Channel HD, Klan HD, Snews HD, Film nje HD, Film dy HD, Film Plus HD, Film Hits, Film Autor, Film Drame, 1-st Channel, Club TV, Shqipja master. За програмските сервиси FranchLover,  Free-X TV, Super sport HD, X1, X2, X3 и X4 дополнително ќе се провери дали се уредени авторските и сродните права.

 



Accessibility

Accessibility