Хроника од 6-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 17.02.2015г. – За непочитување на член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно поради неплаќање на надоместокот за дозволата за вршење радиодифузна дејност во утврдениот рок, по предлог на директорот на Агенцијата, Советот на Агенцијата донесе одлука за покренување на постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на ТВ БТР, ТВ Амазон, ТВ Спектра, ТВ Сонце, ТВ Супер Скај, ТВ Далга – КРТ, ТВ Шутел, ТВ Кобра, ТВ Ирис, ТВ Нова, ТВ Еми, ТВ Кисс Злате, ТВ Едо, ТВ Лажани, РА Радио 5 Чоки, РА Еми, РА Б-97, РА Џез ФМ, РА Александар Македонски, РА Ди-Џеј.  

По поднесеното Барање за доделување дозвола без објавување конкурс, а согласно член 76 став 7 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Советот на Агенцијата донесе Одлука за доделување дозвола за телевизиско емитување преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс, на локално ниво – општина Куманово, општина Липково и општина Старо Нагоричане на Ивана Петровска од Доброшане, Куманово.

Советот на Агенцијата донесе два Нацрт – Правилника: Нацрт – Правилник за определување на должината на годишниот одмор на вработените во стручната служба на Агенцијата и Нацрт – Правилник за службена облека на вработените во стручната служба на Агенцијата. 

Советот даде одобрение за дообезбедување на средства потребни за реализација на договорот за јавна набавка – Изведба на ентериерски  градежно – занаетчиски работи во деловниот објект на Агенцијата „Палата Панко Брашнаров“.



Accessibility

Accessibility