СКОПЈЕ, 10.12.2013 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ги разгледа извештаите од мониторингот на програмските сервиси ТВ ВТВ Тони ДОО Валандово, емитуван на 31 јули 2013г., ТВ Коха Меваип ДООЕЛ Тетово, емитуван на 29 август 2013г. и ТВ ХАНА Мевљан ДООЕЛ Куманово, емитуван на 16 ноември 2013г.
Советот за радиодифузија одлучи да постапи на следниов начин:
-на ТВ ВТВ му изрече писмена опомена, за надминување на лимитите за рекламирање во текот на еден реален час;
-на ТВ Коха му изрече 2 (две) мерки, укажување за непочитување на правилата за заштита на малолетната публика, односно несоодветен термин на емитување и писмена опомена за надминување на лимитите за рекламирање во текот на еден реален час;
-на ТВ ХАНА и изрече 3 (три) писмени опомени,едната за непочитување на правилата за заштита на малолетната публика, односно несоодветен термин на емитување, втората за неозначување на програми со предупредувачка сигнализација во текот на нивното времетраење, третата за неозначување и неиздвојување на рекламите од другите делови на програмата со акустички средства. За непочитување на периодот од најмалку 20 минути што треба да помине меѓу два рекламни блока емитувани во рамки на телевизиските програми, СРД на ТВ Хана му упати укажување.
– СРД ја усвои Информацијата за непостапувањето по изречените мерки од страна на ТРД ЕНЕРГУ РАДИО ДООЕЛ увоз-извоз Струга, ТРД РАДИО ФОКУС ДООЕЛ Тетово и ТРД Радио Беса ДООЕЛ с. Црнилишта, Долнени. СРД заклучи на споменатите радиодифузери да им испрати допис како последно предупредување за да ги исполнат мерките.
– СРД ја усвои Информацијата за исполнувањето на обврската за објавување на податоците за работењето на радиодифузерите во претходната година на 31 октомври. За неисполунување на оваа обврска Советот заклучина ТВ-ЕДО ДООЕЛ с.Љубин, Сарај, Г-ТВ ТЕЛЕВИЗИЈА ДООЕЛ Гостивар и РАДИО УСКАНА-ПЛУС УВОЗ-ИЗВОЗ ДООЕЛ Кичево да им изрече писмена опомена, а на ТВ ВТВ Тони ДОО Валандово, ТВ СУПЕР СКАЈ, Муслим ДООЕЛ с.Мала Речица Тетово и ДИ-ЏЕЈ Славе ДООЕЛ Струга да им изрече писмена опомена со барање за објавување.
– СРД ја усвои Информацијата за извршена проверка на податоците за сопственичката структура на ТРД 24 Вести ДООЕЛ Штип и ТРД кабловска телевизија РОБИ ДООЕЛ Штип.