1

Хроника од 64-та седница

СКОПЈЕ, 13.12.2013- Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница усвои Ребаланс на Финансискиот план на Советот за радиодифузија за 2013-та година со цел да се обезбедат средства за Услугата за транскодирање, сегментирање, снимање и трансфер на регионални ТВ сервиси што емитуваат програми преку дигитален терестријален мултиплекс. Соодветно на ова, дополнет е Годишниот план за јавни набавки во 2013 година и донесена е Одлука за потреба од јавна набавка за предметот на набавка – Услуга за транскодирање, сегментирање, снимање и трансфер на регионални ТВ сервиси што емитуваат програми преку дигитален терестријален мултиплекс

СРД го разгледа Извештајот од мониторингот на програмскиот сервис ТВ Алсат – М Скопје,емитуван на 8, 9 и 10 декември 2013 година. Со мониторингот е констатирано дека се прекршени член 68 став 2 алинеја 4 и член 68 став 2 алинеја 9, за што Советот и изрече мерка писмена опомена на ТВ Алсат – М. Повеќе детали за анализираните прилози може да се видат во Извештајот од мониторингот на ТВ Алсат – М, на следниов линк

СРД го усвои Стратешкиот план за извршување на внатрешна ревизија за периодот 2014-2016 година.

Советот за радиодифузија на денешната седница донесе одлука да склучи Меморандум за соработка со Државниот Универзитет во Тетово.

СРД заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

 -на ТРД– Oператор на кабелска мрежа ИНФЕЛ КТВ ДОО Охрид, Потврда бр. 11 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизиските програмски сервиси: SK Prime, IQS Life, Mini Ultra, Sport Klub, Sport Klub +, Golf Klub, Fishing & Hunting, Ultra и Cinemania.

-на Друштво за телекомуникациски инженеринг софтвер трговија и услуги ВИН САТ ДОО Виница, Потврда бр. 8со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизиските програмски сервиси: Алфа, Наша ТВ, Телма, Канал 5, ТВ Ирис(регионално), ТВ Стар(регионално), ТВ Д1(регионално), ТВ Кочани(локално), НRT 1, Planeta, TV 1000, Viasat Explorer, National Geographic, FOX Crime, FOX Life, Cinemania, Golf Klub, Ultra, Sport Klub, Sport Klub + и Fishing & Hunting.

-на ТРД – Oператор на кабелска мрежа САНЕТ КАБЕЛ САТ Виница,Потврда бр. 1со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизиските програмски сервиси: МТВ 1, МТВ 2, Собраниски Канал, Сител, Сител 3, Канал 5, Канал 5 плус, Телма, Алфа ТВ, Наша ТВ, 24 часа Вести, Алсат-М, ТВ Сонце, DM Sat, Atlas TV, HD Mjuzik, Happy TV, Kopernikus TV, Kopernikus Muzik, Svet Plus, B92 Info, Soko TV, RTS Sat, RTCG, HRT 1, HRT 3, Rai Uno, Rai Due, Rai Tre, Pro 7, Super RTL, TRT Internacional, Planeta, OTV Valentino, Russia Today и Russia Today Doc.