Хроника од 7-та седница

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 07.02.2014- Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната седница ги усвои Измената и дополнувањето на Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси.

Агенцијата го усвои Извештајот на Пописната комисија за извршениот попис на основните средства, ситниот инвентар, материјалите и резервните делови во магацинот, побарувањата и обврските на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2013 година.

Агенцијата ја усвои Информацијата во насока на подготовка на 10-от состанок на Поткомитетот за иновации, информатичко општество и социјална политика (12-13 март 2014).

Агенцијата ја усвои Информацијата за ослободување од плаќање радиодифузна такса за семејните домаќинства на обврзниците од село Тополница општина Радовиш и одлучи да и предложи на Владата на Република Македонија да ослободи од плаќање на радиодифузната такса вкупно 162 (сто шеесет и две) семејни домаќинства од с. Тополница, општина Радовиш на обврзниците кои немаат прием на програмите на ЈП „Македонска радио-телевизија”.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја усвои Информацијата во врска со Известувањето, од Операторот на дигитален терестријален мултиплекс, “ОНЕ” Телекомуникациски услуги ДООЕЛ Скопје, за раскинување на Договорот за дигитално емитување на програмски сервис со ТРД АРТ Канал Струга, поради неисполнување на договорните обврски.

Агенцијата го усвои Извештајот од извршениот програмски надзор врз работата на операторите на јавни електронски комуникациски мрежи на ден 29.01.2014 година во Охрид и одлучи на операторите на јавните комуникациски мрежи кои реемитуваат телевизиски програмски сервиси за кои немаа договори за регулирање на авторските и сродните права и за кои не е издадена потврда за нивно реемитување од страна на Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги да им наложи да престанат нивно реемитување и тоа:

-Операторот на јавна комуникациска мрежа Алтра Сат 2000 Охрид не може да ги реемитува програмските сервиси: RTL, Rai Uno, ZDF, Sport Klub 1, National Geographic WILD, Eurosport 1, Cartoon Network, Travel, National Geographic, HRT 3, Balkanika, Sport Klub 2, Fox Crime, HRT 1, Boomerang, Ultra, Cinemania, RTS 1, Fen TV, CNN, KCN 3, Sat, Сител, Телма, Канал 5, БНТ, Наша ТВ, 24 Вести, НТВ, Алсат-М, Канал 5 плус, Морис и Алфа ТВ;

– Операторот на јавна комуникациска мрежа ИНФЕЛ КТВ ДОО Охрид не може да ги реемитува програмските сервиси: Universal Channel, VH-1, Kanal D, Planeta, Eurosport, Eurosport 2 и Star Turk;

-Операторот на јавната комуникациска мрежа Б-КТВ Охрид не може да ги реемитува МРТ 1, МРТ 2, Собранискиот канал и ТВ Морис, (член 143 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги).

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заклучи на ТРД – Oператорна кабелска мрежа ИНФЕЛ КТВ ДОО Охрид, да му издаде Потврда бр. 14 со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: BN TV-sat, BN Music, VH1, VH1 Classic, MTV Dance, MTV Hits, MTV Rocks и Eurosport 1.



Accessibility

Accessibility