Хроника од 7-та седница

image_pdfimage_print

 

СКОПЈЕ, 01.02.2013- Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ги разгледа извештаите од мониторингот на програмските сервиси на: МТВ1, ТВ ЕРА, ТВ АМАЗОН и РАДИО КАНАЛ 77 емитувани на 21, 22 и 23 јануари 2013 година и извештаите од мониторингот на програмските сервиси на КЛУБ ФМ и СИТИ РАДИО, емитувани на 23 јануари 2013 година.

 

СРД одлучи на КЛУБ ФМ, СИТИ РАДИО и ТВ АМАЗОН да им упати укажување за емитувањето на реклами финансирани од општински буџети, со цел да не се повтори прекршокот.

 

СРД ја усвои анализата на епизодите од долгометражниот серијал „Величествениот”, емитувани од 31 декември 2012 година до 22 јануари 2013 година и заклучи дека серијалот треба да биде означен како Програма од втората категорија, поради што ТРД Канал 5 треба да ја усогласи класификацијата на серијалот со Правилникот за заштита на малолетната публика, а репризите да на ги емитува пред 17 часот.

 

СРД ги усвои Анализата на судските прекршочни постапки за периодот од 01.07.2012 година заклучно со 31.12.2012 и Анализата на спроведените мерки, известувања и уплатени укажувања за периодот од 01.07.2012 до 31.12.2012.



Accessibility

Accessibility