Завршени расправи во 2024 година

Завршена јавна расправа за Нацрт-Упатството за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024

Советот на Агенцијата на 11-та седница одржана на 20 март 2024 година усвои Нацрт-Упатство за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024.

Со документот се појаснува начинот на примена на правилата од Изборниот законик за лимитите за платеното политичко рекламирање (ППР), за означувањето на нарачателот на рекламирањето, распределбата на времето во вести кај Јавниот радиодифузен сервис, бесплатното политичко претставување на Собранискиот канал, како и правилата за известување во деновите на изборниот молк.

Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.

Јавната расправа траеше 5 дена, заклучно со 25 март 2024 година.



Accessibility

Accessibility