Директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е д-р Зоран Трајчевски, избран на 12-тата седница на Советот на Агенцијата, одржана на 7 октомври 2014 година.
Магистер е по машински науки и енергетска ефикасност и магистер по економски науки.
Господин Трајчевски е поранешен директор на Агенцијата за електронски комуникации и одличен познавач на легислативата за медиуми и електронски комуникации.
Роден е на 7 март 1970 година.
По завршувањето на додипломските студии на Машинскиот факултет на УКИМ во Скопје, во 1994 година, специјализира менаџирање на ефективна либерализација во телекомуникациите и радиодифузијата во Вашингтон, САД, во FCC, и завршува специјализиран курс за утврдување на трошоци за интерконекција според LRIC методологијата во Лондон.
Во 2008 година, завршува постдипломски студии на УКИМ и стекнува звање Магистер на машински науки, енергетска ефикасност.
Во 2010 година, завршува постдипломски студии на Привредна Академија во Нови Сад, Република Србија, на насоката: Внатрешна и меѓународна трговија, и стекнува звање „Магистер по економски науки“.
Во 2013 година, со докторската дисертација на тема „Либерализација на пазарот на електронските комуникации и менаџментот на компаниите, на Привредна Академија во Нови Сад, Република Србија, се стекна со научен степен Доктор на економски науки.
Во октомври 2017 година, д-р Зоран Трајчевски е избран за доцент во научната област деловна и меѓународна економија, при Факултетот за економија и инженерски менаџмент во Нови Сад.
Движење во службата:
– Од 1995 до 1998 работи во приватна компанија за трговија со електронска опрема;
– Од 1998 до 1999 е раководител на Техничкиот сектор на АД Македонски телекомуникации;
– Од 1998 до 2002 работи како заменик-претседател на Управниот одбор на АД Македонски пошти;
– Од 2000 до 2002 е член на Бордот на директори на сателитската компанија EUTELSAT S.A, Париз;
– Од 2000 до 2002 работи како директор на Управата за телекомуникации;
– Од 2003 до 2006 работи во приватната компанија „Серта“;
– Од 2005 до 2011 е член на Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена – Скопје;
– Од 2006 до 2007 работи како Советник за телекомуникации на Министерот за транспорт и врски;
– Од 2006 до 2011 Застапник на Владата на РМ во АД Македонски телекомуникации и претседател на Собранието на акционери на АД Македонски телекомуникации;
– Од 2007 до 2009 Заменик-дирeктор на ЈП Македонска радиодифузија;
– Од 2010 до 2011 работи во приватната фирма „Серта“;
– Од 2011 до средина на 2011 извршен директор на АД ЕМО – Охрид.
– Од 2011 до 2012 Член на Советот за радиодифузија на Република Македонија;
– Од 2012 до 2014 Претседател на Советот за радиодифузија на Република Македонија;
– Од 2014 – во тек Директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги;
2. “A Model for Student Knowledge Diagnosis through Game Learning Environment”, објавен во научното списание Tecnics Technologies Education Management, кое е индексирано во релевантните бази на научни списанија Thomson, Web of Science, Web of Knowledge, Index Copernicus, Ebsco итн.;
3. Труд со наслов “GLOBALIZACIJA I LIBERALIZACIJA TRŽIŠTA KOMPANIJA U SEKTORU ELEKTRONSKIH KOMUNIKACIJA” (анг. GLOBALIZATION AND LIBERALIZATION OF THE COMPANY THE ELEKTRONIC COMMUNICATIONS SECTOR), на научно стручен симпозиум во Врњачка Бања, одржан на 03.12.2010 година, организиран од Maintenance Engineering Academy, Society for technical diagnostics ”TEHDIS”, Journal for Scientists and Engineers ”Machine maintenance”, Journal for Scientists and Engineers ”Tehnical diagnostics”, Journal for Scientists and Engineers ”Re-engineering”, Journal for Scientists and Engineers ”Knowledge management”, Journal for Scientists and Engineers ”Hydraulics and pneumatics”;
4. Труд со наслов “Review of Market Trends and Reforms in the Electronic Communications Sector in the Republic of Macedonia”, објавен во “Report on Foreign Trade of Macedonia 2008”;
5.Труд со наслов “Thermal Comfort” на Четвртиот интернационален курс за млади истражувачи “Computational Engineering”, одржан во Бугарија во 2008 година;
6. Труд со наслов “Statisticka analiza podataka uz primenu metoda linearne regresije nezavisne promeenljive Kosmofona a.d. Skopje”, објавен во научното списание “Menadzment znanja”, година VI, број 3-4, 2011г.;
7. Труд со наслов “Povecanje javnih prihoda u uslovima ;iberizovanog trzista elektronskih komunikacija”, објавен во научното списание “Menadzment znanja”, година V, број 1-2, 2011г.;
8. Труд со наслов “Optimizacija profita T-MOBILE Makedonija i uticaj na zajednicu”, објавен во научното списание “Ekonomija: teorija i praksa”, година IV, број III, 2011г., Нови Сад.
10. Труд со наслов “Interactive Multimedia as New Teaching Strategy in The Course of Programmable Logic Devices”, објавен во научното списание Technologies Education Management-TTEM, ISSN 1840-1503, Vol.8. No.4. 11/12, pp, 161/169
11. Труд со наслов „Uspostavljanje libralizacije i reforme u sektoru elektronskih komunikacija u Republici Makedoniji“, објавен во научното списание „Економија, теорија и пракса“,ISSN 2217-5458