КОНСТАТИРАНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ПРИ ЕМИТУВАЊЕ ПЛАТЕНА ЈАВНА ПРОПАГАНДА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ

Скопје, 03.10.2018 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со надзорот на медиумското покривање за време на референдумот во периодот од 21 до 27 септември констатираше дека седум радиодифузери го прекршиле Упатството за медиумско претставување за време на референдум.

Спротивно на точка 34 од Упатството, 1 ТВ емитуваше платена јавна пропаганда во рамките на посебната информативна програма „Отворено студио 1“. Истиот радиодифузер, го прекрши Упатството и по друг основ, точка 28, така што на еден реален час, емитуваше многу повеќе од дозволените 4 минути и 30 секунди за Собранието на Република Македонија како нарачател на платената јавна пропаганда „ЗА“ референдумот. Одвоеното време за овој нарачател драстично го надминува и соодносот на времетраењето на медиумското претставување – 59% „За“ и 41% „Против“ утврден во Правилата за постапување на собраниското Координативно тело во врска со водење јавна пропаганда и нивните измени и дополнувања. За овие прекршувања против радиодифузерот се покренати прекршочни постапки.

Прекршување на точка 28 е констатирано и кај АЛСАТ – М, КАНАЛ 5, Телма, СИТЕЛ, ТВ 21 и 24 ВЕСТИ, но времетраењето на платената јавна пропаганда за еден заинтересиран субјект, во случајот, повторно Собранието на Република Македонија, е во рамките на временскиот сооднос утврден од собраниското Координативно тело.

За овие прекршувања, иако не се во негова директна надлежност, но се во делокруг на регулаторот, расправаше и Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Советот зазеде став дека во услови на недореченост и неусогласеност на релевантната регулатива и различните насоки кои медиумите ги добиваа од ДИК, АВМУ и собраниското Координативно тело, не треба да се покренат прекршочни постапки. Радиодифузерите се придржувале до Правилата за постапување на Собраниското Координативно тело во врска со водење јавна пропаганда и нивните измени и дополнувања, согласно кои соодносот на времетраењето на медиумското претставување е 59% „За“ и 41% „Против“.

Директорот на Агенцијата, имајќи го предвид ставот на Советот, одлучи да не покрене прекршочни постапки против АЛСАТ – М; КАНАЛ 5; Телма; СИТЕЛ; ТВ 21 и 24 ВЕСТИ.

Писмени извештаи за извршен надзор (мониторинг) можете да ги преземете на следните линкови:

1 ТВ ДООЕЛ Скопје

АЛСАТ – М ДОО Скопје

КАНАЛ 5 ДООЕЛ Скопје

ТЕЛЕВИЗИЈА МАКПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје

СИТЕЛ ДООЕЛ Скопје

КОМПАНИ 21- М ДООЕЛ Скопје

24 ВЕСТИ ДООЕЛ Штип

– 1 ТВ ДООЕЛ Скопје

 

 



Accessibility

Accessibility