Седница бр.7 – 7.8.2025

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 7. седница ја одржа на 7.8.2025 година (четврток), со почеток во 12:00 часот, преку видео конференциска врска.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Предлог-записник од шестата седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 29.07.2025 година.
  2. Предлог – одлука за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис, на локално ниво, на подрачјето на општина Штип.
  3. Предлог – одлука за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис, на локално ниво, на подрачјето на општина Струга.
  4. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ КАНАЛ ФЕСТА ДООЕЛ Куманово, за прекршување на членот 50 став 3 од ЗААВМУ и на членовите 20 и 21 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
  5. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ КАНАЛ ФЕСТА ДООЕЛ Куманово, за прекршување на членот 14 од Законот за медиуми.
  6. Предлог за давање одобрување за донесување на одлука за набавка на услуга, со проценета вредност под вредносните прагови за примена на Законот за јавни набавки – молеро-фарбарски услуги.
  7. Предлог за давање одобрување за донесување на одлука за набавка на услуга, со проценета вредност под вредносните прагови за примена на Законот за јавни набавки – одржување на кафемати.
  8. Разно.


Accessibility

Accessibility