Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 1-та седница ја одржа на 09.01.2023 година (понеделник) со почеток во 14:00 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 46-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 21.12.2022 година.
- Предлог за запирање на покренатата постапка за одземање на дозволата на ТВ Ирис од Штип.
- Предлог за започнување јавна консултација за измени и дополнувања на „Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување“ по доставено Барање од ЗНМ.
- Предлог – одлука за одбивање на Барање за објавување јавен конкурс за доделување на дозвола за телевизиско емитување на државно ниво преку дигитален терестријален мултиплекс, поднесено од страна на Трговското радиодифузно друштво 24 ВЕСТИ ДООЕЛ Штип.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на Трговско друштво за радиодифузна дејност СПЕКТРА, Oпштина Лабуништа ДООЕЛ за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и членовите 16 и 17 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на Трговско друштво за радиодифузна дејност СПЕКТРА, Oпштина Лабуништа ДООЕЛ за прекршување член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на Непрофитна радиодифузна организациона единица УНИВЕРЗИТЕТСКО РАДИО СТУДЕНТ ФМ 92.9 – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје за прекршување на член 97 став 2 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на Непрофитна радиодифузна организациона единица УНИВЕРЗИТЕТСКО РАДИО СТУДЕНТ ФМ 92.9 – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје за прекршување на член 14 од Законот за медиуми.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на Трговското радиодифузно друштво ТЕЛЕВИЗИЈА УСКАНА МЕДИА ДООЕЛ Кичево за прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на Непрофитна радиодифузна установа РАДИО МАРИЈА- БЛАГОВЕСТ Струмица за прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на Непрофитна радиодифузна установа УНИВЕРЗИТЕТСКО РАДИО УГД ФМ – Универзитет Гоце Делчев Штипза прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ.
- Предлог за дообезбедување на средства потребни за реализација на договорот за јавна набавка – стока: Систем за автоматско управување со документи.
- Предлог – одлука за одобрување на финансиски средства за претплата на “Службен весник на Република Северна Македонија“ за 2023 година.
- Разно.