Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 09-та седница ја одржа на 08.03.2023 година (среда) со почеток во 14:30 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 8-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 27.02.2023 година.
- Предлог – одлука за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис на непрофитна радиодифузна установа, на регионално ниво, на подрачјето на регионот на Скопје, со Предлог – Конкурсна документација и Предлог – Пријава.
- Предлог – одлука за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис на непрофитна радиодифузна установа на локално ниво, на подрачјето на општина Тетово, со Предлог – Конкурсна документација и Предлог – Пријава.
- Предлози за покренување на постапка за одземање на дозволата за ТВ и радио емитување на радиодифузери.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД Т.В. КАЛТРИНА Мазар Татеши, Струга ДООЕЛ за прекршување на член 92 став 1 од ЗААВМУ.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – услуга: Превентивно и адаптивно одржување на интегриран софтвер за правно, финансиско и економско работење.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – услуга: Софтвер за заштита и превенција на персонални комјутери и сервери.
- Предлог за изменување на Правилникот за бруто плата и други надоместоци на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
- Разно.