Седница бр.15 – 04.04.2025

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, 15-та седница ја одржa на 04.04.2025 година (петок), со почеток во 14:00 часот, преку видео конференциска врска.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Предлог-записник од 14-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 26.03.2025 година.
  2. Предлози за покренување на постапки за одземање на дозволата за ТВ емитување на радиодифузери.
  3. Предлог-одлука за поништување на Одлуката за одземање на дозволата на Трговското друштво за радио-дифузна дејност ТВ ШУТЕЛ ДООЕЛ Скопје.
  4. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на непрофитната радиодифузна установа – УНИВЕРЗИТЕТСКО РАДИО УГД ФМ од Штип, за прекршување на член 67 став 6 од ЗААВМУ.
  5. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка-стока: Модернизација на сервер сала.
  6. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка-услуга: Приватно здравствено осигурување.
  7. Предлог-oдлука за отуѓување на службен мобилен телефон.
  8. Разно.


Accessibility

Accessibility