Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, 16-та седница ја одржа на 10.04.2025 година (четврток), со почеток во 14:00 часот, во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 15-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 04.04.2025 година.
- Предлог за поведување прекршочна постапка на ТРД ТВ ДУЕ Назми ДООЕЛ Гостивар за прекршување на членот 50 став 3 од ЗААВМУ и на членовите 20 и 21 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ ШЕЊА ДООЕЛ Скопје, за прекршување на членот 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ ШЕЊА ДООЕЛ Скопје, за прекршување на членот 14 од Законот за медиуми.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на Радиодифузното Друштво НАША ТВ ДООЕЛ Скопје, за прекршување на членот 98 став 2 од ЗААВМУ, односно на членот 14 став 4 од Правилникот за нови рекламни техники.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД КОМПАНИ 21- М ДООЕЛ Скопје, за прекршување на членот 98 став 2 од ЗААВМУ, односно на членот 14 став 4 од Правилникот за нови рекламни техники.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД КОМПАНИ 21- М ДООЕЛ Скопје, за прекршување на членот 52 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД КОМПАНИ 21- М ДООЕЛ Скопје, за прекршување на членот 53 став 2 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД КОМПАНИ 21- М ДООЕЛ Скопје, за прекршување на членот 14 од Законот за медиуми.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД КЛАН МАЦЕДОНИА ДООЕЛ експорт – импорт Сарај Скопје, за прекршување на членот 50 став 3 од ЗААВМУ и на членот 16 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД КЛАН МАЦЕДОНИА ДООЕЛ експорт – импорт Сарај Скопје, за прекршување на членот 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД КЛАН МАЦЕДОНИА ДООЕЛ експорт – импорт Сарај Скопје, за прекршување на членот 14 од Законот за медиуми.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД КЛАН МАЦЕДОНИА ДООЕЛ експорт – импорт Сарај Скопје, за прекршување на членот 51 став 1 од ЗААВМУ.